Костадинов: Мицкоски да каже дали се гледал со Груевски и со новинарот од Италија

Христијан Мицковски одбегнува да одговори на прашањата што му ги поставуваме, се крие зад статуси на социјалните мрежи, се крие и зад својот генерален секретар, патем осомничен во предметот „Дизајн“ изјави денес Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„На ВМРО-ДПМНЕ не му било јасно зошто јавноста се прашува дали Мицкоски се гледал со Никола Груевски, со новинарот од Италија, со други луѓе од Словенија, зошто прашуваме за неговите линкови… Важно е граѓаните да ја знаат вистината. Важно е граѓаните да знаат за поведението на Христијан Мицкоски и неговите вистински намери. Ако Мицкоски се фали кога се гледа со Орбан, редно е да се пофали и за средбите со останатите со кои се гледа. Зошто не ги кажува?

Редно е да каже со кого се видел? Кога и каде?

Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа?

Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања.

Особено откако лично призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец кој патем се појавува и во објавените снимки.

ВМРО-ДПМНЕ не излегува од филмовите на конфликт. Кога велат ќе блокираат институции дали мислат на блокирање како на 27-ми април?

Агендата Христијан Мицкоски останува иста: одбрана на криминалот на режимот, обид да се загрози правдата и тајкуните на режимот да се претстават како жртви, обид да се блокира земјата, да се спречи напредокот кон НАТО и ЕУ“, истакна Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе