Реакција

Костадинов: Коалицијата со ДУИ зависи од граѓаните и од бројките

Познато е дека Мухамед Зекири, потпретседателот и пратеник на СДСМ, е против коалицијата на СДСМ со ДУИ. Но, во СДСМ има луѓе кои сакаат да коалицираме со ДУИ, а има и кои се против. И во ДУИ има членови кои се за и против коалицијата со СДСМ, изјави за МКД.мк Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ по вчерашната изјава на Зекири дека ДУИ е зло за Албанците.

„На крајот, граѓаните и бројките се тие кои ќе одлучат како во иднина ќе се развиваат односите со ДУИ. Денес, коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ е стабилна и принципиелно се решаваат работите и нема никакви проблеми“, изјави Костадинов.

Вчера во емисијата Клик.плус на ТВ21 Зекири изјави дека тој лично не ги сака ДУИ во коалиција и дека тие биле најлошото нешто што можело да им се случи на Албанците.

Зекири тврдеше и дека во институциите каде раководат функционери на ДУИ, челниците од владеачката албанска партија вработуваат Македонци, но не и Албанци од СДСМ. Зекири обвини дека Блерим Беџети вработувал судии, по што Беџети, се јавил во емисијата и го обвинил Зекири дека зборува под диктат на неговиот патрон (претседателот на СДСМ).

На прашањето дали поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски се уште има влијание во партијата, Зекири рече дека како резултат на неговите лоши политики СДСМ ги губела изборите и дека денеска тој нема никакво влијание.

„Мислам дека коалицирањето со ДУИ ни нанеше многу штета за време на локалните избори. Најмалку четири големи општини ДУИ ги доби со помош на гласовите од СДСМ“, изјави Зекири. Тој обвини дека судот работи по диктат на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со оглед дека, како што нагласи, судии се вработувани од страна на Муса Џафери, Блерим Беџети и Сашо Мијалков.

Денеска и претседателот на СДСМ Зоран Заев реагираше по изјавата на Зекири.

„Имаме стабилни односи со ДУИ, но до изборите е важно да се фокусираме на тоа што ќе понудиме на граѓаните, а тие на изборите со тоа како ќе се определат со гласовите така ќе нѐ насочат во делот на идните соработки. Ние сме демократска партија. Јас се гордеам со демократијата во СДСМ и секако правото на дискусија, слободата, на различното мислење кое постои внатре. Со ДУИ бевме партнери и кога се носеа најтешките одлуки за државата. Се радуваме за економските успеси и таа соработка е за добробит на сите граѓани во оваа наша земја, а секако дека дебатата е отворена. Постои и одредено несогласување и одредени поединци во ДУИ кон СДСМ, па да не зборуваме и за сите други политички партии, и сето тоа покажува дека сме различни“, истакна Заев.

Тој потенцира дека соработувале со сите и дека тоа партнерство е многу повисоко ниво на соработка, но оти ќе има доста дебата до изборите.

„Многу е важно да се фокусираме што тоа ќе им понудиме на граѓаните, без разлика кој со кого соработува, туку дали граѓаните имаат фајде од таа работа, дали има ефект за граѓаните. Граѓаните кажуваат на изборите, на крајот како тие ќе определат со гласовите, така и ќе не насочат во делот на идните соработки, затоа што бројките се неприкосновени. Тие бројки ќе бидат потврдени. Преку таквите бројки ќе ни кажат како да соработуваме“, рече премиерот.

Заев потсети дека имале одлична соработка и со опозициските партии од албанскиот блок за најважните прашања и оти и тие и до денес се на располагање и дека разговараат како за Законот за јавното обвинителство, што, како што рече, не е случај на пример со македонската опозиција.

„Тие беа тука кога требаше да се поддржи државата да ги оствари своите стратешки аспирации НАТО и ЕУ, поддржувајќи го Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија, но секако поддржуваји ги уставните промени“, изјави денеска Заев по средбата со претставници на ССМ и на Европската конфередерација на синдикати.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе