Прес-конференција на СДСМ

Костадинов: Еколошката такса носи бенефит, ВМРО-ДПМНЕ не треба да блокира

Навистина би нѐ изненадило ако ВМРО-ДПМНЕ нешто не блокира во рамки на Собранието, но не гледам причина зошто партијата е против еколошката такса  преку која што државата ќе прибере речиси 60 милиони евра кои што ќе бидат инвестирани во еколошки инвестиции и во поздрава животна средина, изјави пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов на новинарско прашање по прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која беше најавено дека нивните пратеници ќе ги блокираат законските измени.

Костадинов потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ги блокира шесте економски пакети на мерки за граѓаните за справување со ковид кризата, дека го блокираат и бојкотираат законот за изградба на нов Клинички центар и дека блокираат и низа други закони преку кои што граѓаните би добиле некаков бенефит.

„Единственото нешто кое што може да им го порачам е дека токму таквиот бојкот и блокадите ќе ги држат уште долго време ВМРО-ДПМНЕ затворени и изолирани во белата палата“.

На прашањето што ќе стори СДСМ доколку бидат поднесени илјадници амандмани  на законските измени Костадинов рече дека ќе се разговара во парламентот, почнувајќи од комисиско отврорање на законот и дека ќе бидат изнесени аргументите за бенефит за државата и граѓаните.

„Ќе повикам уште еднаш на разум кај ВМРО-ДПМНЕ, јас сакам да верувам дека во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои што размислуваат во интерес за граѓаните и за државата и ќе сторам се за да ги охрабрам таквите поединци во ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка на овој закон“, рече Костадинов.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе