Костадинов: Мицкоски го интересира само да ги штити Мијалков и Груевски

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека нивна единствена цел е да го спасат криминалот на режимот на Никола Груевски, изјави пратеникот од СДСМ и портпаролот на владејачката партија, Костадин Костадинов.

Тој додаде дека Мицкоски не го интересира владењеето на правото и интеграцијата во ЕУ и НАТО, туку да ги штити Груевски, Мијалков и, како што рече, тајкуните на единаесетгодишниот диктаторски режим.

„Мицкоски е подготвен да ги загрози преговорите со ЕУ, да ја жртвува иднината во НАТО и иднината на своите сограѓани, само за да го спаси неговиот ментор Никола Груевски. Фокусот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се сведува само на едно: запирање и уништување на предметите на СЈО во кои главни обвинети и осмничени се функционери од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Малку им беше што од 2006-2016 дрско ја партизираа државата и судството, манипулираа со граѓаните со закани и уцени, сега сакаат и нивен партиски обвинител чија главна улога ќе биде да го амнестира деценискиот криминал и расипништво", изјави Костадинов.

Додаде дека и барањето за предвремени избори е обична фарса со која Мицкоски сака да сокрие дека членството на ВМРО-ДПМНЕ се жртвува за да се избришат обвиненијата за „Талир" „Тврдина" „Таргет" „Империја" „Империја 2".

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе