Костадинов: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за Анкетна комисија е параван и не го прифаќаме

Барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за формирање Анкетна комисија во Собранието за работата на СЈО е резултат на нервозата на партијата што не успеа да ги уништи предметите на Специјалното јавно обвинителство, оцени денеска пратеникот Костадин Костадинов.

„После неуспешниот обид од страна на ВМРО-ДПМНЕ буквално да ги спречи и уништи предметите на СЈО, гледаме и евидентно е како расте паниката во ВМРО-ДПМНЕ. Јасен е нашиот став, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаа можност на секои 6 месеци додека СЈО доставуваше извештаи до Собранието. Тогаш пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со ништо, значи буквално не се вклучија во дискусија по однос на извештаите на СЈО. Ве уверувам дека ова е уште еден очаен обид од страна на ВМРО-ДПМНЕ на некој начин да се обиде да си го амнестира криминалот и криминалците во сопствените редови, но нема да успеат во тоа. Јасна е намерата, јасни се нашите црвени линии, секој кој се огрешил пред законот мора да одговара, тоа важи, и за ВМРО-ДПНЕ и за секој друг“, рече Костадинов, коментирајќи го враќањето на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе