Коста Петров поднесе оставка од директорското место во ФИТР, заминува од политиката

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, денеска со објава на социјалните мрежи потврди дека поднесува оставка од својата функција и ги наведе резултатите од неговото работење.

Како што пишува во објавата, на ниво на портфолио, компаниите поддржани од ФИТР за период 2017-2020 оствариле кумулативен пораст на приходите од 50%, додека кумулативниот пораст на профитот на целото портфолио за анализираниот период изнесува 75%. Тој информира и дека ко-финансираните грантови имаат најголем ефект кај македонските стартапи, при што растот на приходите на стартапите, една година пред финансирањето и две години по финансирањето е дури 197%.

„Со оставката што денес ја доставив до Централниот одбор на СДСМ, после две и пол години, и официјално го завршувам ова мое политичко патување“, напиша Петров.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе