По изјавата на заменик министерот Нухиу

Косовскиот функционер Салаху реши да не дојде во Скопје по демантот за посета на затворениците од „Диво Насеље“

Заменик министерот за правда на Косово Блерим Салаху ja одложил посетата на Скопје. Тој пред два дена за косовските медиуми изјави дека во Скопје ќе има средба со раководството на затворот во Идризово и дека ќе ги посети затворениците од случајот „Диво Насеље“. Вчера заменик министерот за правда на Македонија Агим Нухиу демантирашѓе дека е предвидена средба за затвореници.

Нухиу вчера потврди за МИА дека денеска ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но демантираше дека е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.

Салаху во изјавата за медиумите рече дека е нормално како претставник на косовската Влада да се интересира за косовски државјани и дека сакал да разговара со раководството на затворот во Идризово за условите во кои живеаат затворениците.

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, меѓу другите точки за влез на Алтернатива во Владата, договорија и меѓународен мониторинг на случаите „Диво Насеље", „Монструм", „Алфа", „Алмир Алиу".

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе