Кривичен суд

Косовската полиција знае каде се Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, откри во судница обвинет во Монструм

Мојот брат е во Косово, комуницирав со него преку вибер, рече на денешното рочиште за случајот Монструм обвинетиот Агим Исмаиловиќ. На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи која е точната адреса и каде точно се наоѓа неговиот брат Африм Исмаиловиќ, обвинет во оваа постапка кој се бара по потерница, Агим рече дека тој живее во Приштина, дека адресата не ја знае, но дека косовската полиција има точни податоци и многу добро знае каде живеат и неговито брат Африм како и обвинетиот бегалец Алил Демири, по кого исто така е распишана е меѓународна потерница.

Прашањето околу точната локација на двајцата бегалци на обвинителката Фетаи ја налутија одбраната на обвинетите кои жестоко реагираа во судница зошто обвинителката поставува прашања за обвинети лица за кои има потерница и кои ги бара македонската полциија. На ова се спротивставија и судот и обвинителката кои беа децидни дека овде во судница сите се дојдени за да се утврди вистината.

На прашање на судот и на обвинителството, обвинетиот Агим Исмаиловиќ различно одговори каде бил на денот кога се случи петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Неговото алиби беше различно од тоа дека бил на работа во интернет кафе, па бил да се моли во џамија и бил дома, за на крајот да одговори дека не се сеќава точно каде се наоѓал во тој период, односно во своите одговори го кажал само начинот како му течел распоредот за еден вообичаен ден.

Обвинителката Фетаи укажувајќи му дека се работи за грозоморен настан, дека секој би се згрозил од вакво убиство и дека секој од нас барем еднаш го споменал овој настан, го праша дали и тој некогаш од човечки аспект зборувал за петкратното убиство.

Агим одговори: „Да, сме зборувале, сум слушнал дека се случи вакво нешто и секој би зборувал за тоа, мене ми беше лошо“.

По неговите различни одговори за тоа каде се наоѓал на денот на петкратното убиство, Фетаи посочи и дека во претходната судска постапка, освен овие три одговори кажал дека местел канализација. Каде и со кого и колку дена работел и поставувал канализација, Агим Исмаиловиќ на денешното рочиште не знаеше точно да одговори пред судот.

Во судница денеска присутни се Агим Исмаиловиќ и уште тројца обвинети, а Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сѐ уште се водат како недостапни на органите на прогонот и судот им суди во отсуство.

Во тек е пауза, по што рочиштето ќе продолжи со распит на останатите обвинети.

Врховниот суд лани во декември ги укина пресудите, судењето го врати на почеток, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот сѐ уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

К.Д.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе