Косово одби да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, еден од извршителите на масакрот кај Смилковско Езеро

Косово одби да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во случајот „Монструм“.

Како што пренесе Алсат, според одлуката на Основниот суд во Приштина, Специјалното одделение го одби барањето на Министерството за правда на С Македонија, врз основа на прелиминарната судска одлука со која беше одбиена екстрадиција.„Барањето за екстрадиција се одбива од Специјалното обвинителство на Косово. Екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ од Косово во Северна Македонија не е дозволена бидејќи барањето за екстрадиција беше одбиено со конечна судска одлука“, гласи одлуката на Основниот суд во Приштина:

Судот во Приштина се повикува на членот 50 од Поглавјето за основните права на Европската Унија, според кој „Никој не може да биде присилно осуден или повторно да биде осуден во кривична постапка за дело за кое тој или таа се веќе ослободени или осудени.“

Африм Исмаиловиќ, македонски државјанин, кој е во бегство во Косово, беше упасен во почетокот на овој месец во Приштина, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе