За проблемиге се разговарало со амбасадата на САД

Корупцијата кај функционерите ве сопира кон ЕУ, предупредија од САД, премирот прифаќа заеднички акции за борба

Американската амбасадорка Анџела Агелер рече дека САД ја поддржуваат целта на Македонија да биде добро управувана демократска земја со  еднакви можности за сите граѓани од стекнувањето на независноста во 1991 година и предупреди дека напредокот го кочи корупцијата. Премиерот Димитар Ковачевски, по нејзината изјава, вчера рече дека со амбасадорката Агелер имал средба и нагласи дека е важно Владата да нема влијание врз судството и обвинителството. САД најавија засилена активност против корумпирани функционери на Балканот.

Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан пак, најави дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица од Балканот и да се тргнат од одговорните позиции.

Премиерот Ковачевски вчера на прес-конференција рече дека во државата надлежностите се поделени и дека Владата треба само да овозможи независно функционирање на судството и на обвинителството во државата.

„Во однос на заложбите на Владата, јас асполутно ги поттикнувам сите кои се соочиле со одредени криминални, коруптивни пракси, веднаш да ги пријават кај сите надлежни институиции што се задолжени за тоа и да одлучуваат судските и обвинителските органи нормално во согласност со закон во рамки на своите надлежности“, нагласи претседателот на Владата.

Ковачевски се осврна и на неговиот состанок со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер и со потсекретарот на САД за борба против тероризам и перење пари, на кој се разговарало на теми поврзани со надлежностите на МФ на САД и посебно на овој потсекретар. Во тој дел, најави премиерот, ќе следуваат заеднички активности.

Американската амбасадорка Анџела Агелер во обраќање по повод одбележувањето на 30 - годишнината од партнерството на УСАИД-Американска агенција за меѓународен развој со Македонија во Скопје, што се одржа прексиноќа во МКЦ, истакна дека Соединетите Држави постојано ја поддржуваат целта на Македонија да биде добро управувана, демократска земја, нудејќи еднакви можности за сите нејзини граѓани, уште од стекнувањето на независноста во 1991 година.

„Фокусот денес е на подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија“, рече меѓу другото таа.

Агелер додаде дека во текот на изминатите три децении, односот со земјава еволуираше во стратешко партнерство и сојуз и сега, вели, работиме заедно како рамноправни партнери и пријатели за заеднички да создаваме и имплементираме локални решенија и да донесеме одржлив развој и позитивни промени.

„Намалувањето на корупцијата е важно затоа што корупцијата во која било форма ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство“, порача амбасадорката Агелер.

Таа меѓу другото истакна и дека САД се сведоци на значителни промени, но, додаде, „пред вас има уште многу предизвици".

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар на настан посветен на евроатлантската иднина на регионот, одржан во Атлантскиот совет во Вашингтон потсети дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица од Балканот и да се тргнат од одговорните позиции. Според него, тоа е важна и ефективна алатка. Не само што беше ефективно да се санкционираат поединци, туку, подвлече, ако погледнете дел од наративот што Министерството за финансии (на САД) го објавува заедно со одлуката, ќе ја видите длабочината на корупцијата.

„Северна Македонија ги направи сите неопходни реформи за да ја отвори првата врата кон ЕУ, а Владата има капацитет да го направи тоа што треба за земјата да стане полноправна членка на Унијата,“ изјави Ескобар.

Тој оцени дека македонската Влада е добар партнер во спроведувањето на евроинтеграциската агенда и дека „Северна Македонија ќе обезбеди придобивки и за ЕУ“.

Според него, процесот на пристапување треба да биде побрз, потенцирајќи ги внатрешните грижи во Унијата.

„Има гласачи кои навистина се грижат што би направило проширувањето за нив. И мислам дека тоа е работа за сите нас да ги убедиме дека Европската Унија ќе биде посилна и ќе биде попросперитетна со овие земји“, рече Ескобар, алудирајќи на Македонија и Албанија.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе