Најави соработка со медиумите

Коронавирусот постои, нема шега со тоа, вели новиот реис на ИВЗ Фетаху

Новиот в.д. реис на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, денеска на прес-конференција рече дека коронавирусот е вистински и опасен, спротивно на она што го велеше неговиот претходник, Сулејман Реџепи, кој го прогласи вирусот за мртов.

„ИВЗ од првиот момент е во служба со цел да замине оваа болест која е вистинска, бидејќи сите компетентни органи во целиот свет потврдиле дека оваа болест постои и многу е опасна. И нема шега со оваа работа. Ние сме верска институција. Не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или невистинска. Ние одиме кон компетентноста. Институциите кои се професионални потврдиле дека постои“, рече Фетаху.

Според него, во сите џамии се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

„Во оваа борба, како ИВЗ, влеговме со зборовите ‘Страв не, но голема свест против оваа болест-да’. Мора да се бориме со сите сили оваа болест да се надмине“, изјави тој.

За разлика од Сулејман Реџепи кој фрлаше клетви кон новинари, Фетаху сака соработка со нив, најавувајќи дека ќе биде транспарентен во тоа. Но, иако двапати беше прашен, тој одби да одговори за разрешувањето на Реџепи, ниту пак, упати осуда за неговите постапки во минатото.

„Оваа наша средба не ја сметам како формалност која треба да се исполни поради куртоазија, напротив ИВЗ, ја цени улогата на медиумите во општеството и ја изразува својата почит во придонесот на медиумите кога е во прашање информирањето и јавната дебата. Наташа институција чувствува должност да ги почитува правилата на транспарентност и во секој момент и прилика да им овозможи изворни информации на претставниците на медиумите, со единствена цел да си ги извршуваат своите задачи и должности на независен начин. Ние посакуваме и пријателства со вас новинарите, ние сакаме да и се обраќаме на јавноста презентирајќи ги нашите успеси и презентирајќи ги нашите евентуални грешки и причините за тоа“, додаде Фетаху.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе