Дипломатската служба во ризик

Коронавирусот го десеткува Министерството за надворешни работи

Зградата на Министерството за надворешни работи е речиси пуста. Кого и да сретнеш, ќе ти каже за болен колега или за колега во изолација поради контакт со болен. Иако се работи на принципот на ротации, вирусот сериозно го намали обемот на работата. Болни и отсутни од работа има од највисоко до најниско ниво во дипломатската служба. Македонскиот дипломатски синдикат ќе расправа за здравствените неприлики и можеби ќе побара и странска помош.

Од Македонскиот дипломатски синдикат за МКД.мк велат дека изразуваат голема загриженост поради здравствените состојби во дипломатската служба и најавуваат дека ќе се состанат да расправаат за состојбите и за преземање можни мерки, но ќе побараат и поконкретни информации од надлежните. Нагласуваат дека е евидентно масовното отсуство од работа.

Во овој синдикат нагласуваат дека и покрај многубројните контакти со дипломати, домашни и странски, и покрај патувањата во странство, меѓу кои и во земји од највисок ризик, како на пример Бразил, никој не им кажал дали вработените се или ќе бидат ставени на приоритетна листа за вакцинација. 

Во синдикатот се размислува да се разгледаат и повеќе идеи, меѓу кои и преку дипломатски канали за евентуално организирано вакцинирање во Србија, по примерот на група македонски новинари и бизнисмени, или за добивање конкретен број дози што би се донеле во земјава, како и за можноста преку меѓународните соработка да се добие странска помош во вакцини.

Како една од мерките за што е можно поголемо намалување на ризикот од контакти, бидејќи принципот на ротација на вработените се покажа како недоволно ефикасна метода, да се побара и воведување на онлајн-работа за сите оние вработени за кои е можно.

П.Џ.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе