Обраќање во Колумбија универзитетот

Користиме дипломатија и мека сила, по тоа сме реткост во светот, вели Ковачевски

Независноста ја стекнавме по мирен пат и ако сакате да најдете место во светот каде што се користат дипломатски напори и користењето на мека сила тогаш тоа е Република Северна Македонија и сите договори кои ги направивме интерно во државата, но и надворешно со соседите се всушност функционално одржливи, рече премиерот Димитар Коачевски во подолгото обраќање - предавање на Универзитетот Колумбија, во рамки на Форумот на светски лидери.

„Правилото дека победува посилниот на Балканот, особено на земјите на поранешна Југославија, не беше случај со Северна Македонија. Во 1991 мирно излеговме од Југославија благодарени на лидерството од тоа време, иако не беше лесно да се преговара со режимот на Слободан Милошевиќ“, рече Ковачевски а потоа се осврна на политичкиот модел во земјава нагласувајќи дека сите коалициски влади имаат барем еден коалициски партнер од албанската етничка заедница, како најголемо малцинство.

Премиерот додаде дека и други етнички заедници се застапени во владата, а дека во парламентот за битни работи се одлучува не само со мнозинство, туку и со мнозинство од етничките заедници - бадинтеровиот принцип. Охридскиот договор тој го посочи како модел на мултиетничко општество во кое секој граѓанин ја чувствува земјата како место каде може лично и професионално да расте во текот на неговиот живот и кариера.

Во конктекст на Охридскиот договор тој оцени дека е тоа и модел на решавање на замрзнати конфликти, посочувајќи земји како Украина, Шпанија или грчко-турските односи. На ова, Ковачевски ги додаде и Преспанскиот договор, како модел за решавање на односи меѓу две соседни земји, потсетувајќи дека дојде и до промена на името на нашата земја, а го посочи и договорот со Бугарија, како договори за надминување на недоразбирања меѓу соседни земји.

„Со помош на Европа, на Франција и Германија земјите кои секогаш биле дел од олеснувањето на овие процеси успеавме да го најдеме вистинското решение за иднината“, порача Ковачевски.

Во врска со руската инвазија врз Украина, како што рече, руското влијание секогаш било насочено кон словенските земји, но според него, Македонија во овој момент е темелот на стабилноста на Балканот.

„Ние сме можеби мала земја, но сме пример за регионот и пошироко за тоа како меката дипломатија и со моќта на преговорите и дипломатијата можеме да ги решиме историските и прашањата поврзани со идентитетот“, рече премиерот и нагласи дека земјава има стратешки договор со САД, кој го оцени како „веројатно еден од најважните договори“.

Во преговорите со ЕУ, како што оцени, најважна ќе биде политичката волја и, повторно во контекстот на војната во Украина, премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека Македонија секогаш била на вистинската страна на историјата.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе