Координација кај Џафери: Францускиот предлог оди на собраниска седница, нема можност да се врати во Влада

Претседателот на Собранието, согласно Деловникот, ќе информира за датумот за свикување на пленарната седница на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка доставена од Владата до законодавниот дом, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието.

На денешната редовна координација Џафери информирал дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието, тој ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина и нема деловничка одредба која што му овозможува да ја врати информацијата до предлагачот.

„Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница се усвојува со донесување на Заклучоци по однос на Информацијата“, додаде Џафери.

На координацијата кај Џафери присуствувал и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој информирал дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информациите од оваа средба до Владата за потребата да се дополни Информацијата со материјалите кои што се јавно достапни и во неа се наведени како референца.

На денешната редовна координација што ја свика Џафери, присуствуваа и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на СДСМ, Јован Митревски, на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица.

Инаку, за денеска во Собранието е закажана пленарна седница со една точка на дневен ред – Ребаланс на Буџетот, за која што расправата ќе трае до пет дена.

 

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе