Конгресот на ДУИ ја реафирмира целта за природна интеграција на Албанците преку отстранување на границите со Приштина и со Тирана

Делегатите на четвртиот изборен конгрес на Демократската унија за интеграција ги оценија како успешни досегашните политики за консензуално одлучување и интегрална ориентација на нашата земја.

Конгресот на Демократската Унија за Интеграција  констатира дека обележјата на политичката  активност од нејзиното основање биле силно прифатени од граѓаните и биле прецизно спроведени, и затоа предлага надградување на концептот на консензуалност и интеграција преку нивно сплотување како взаемни и комплементарни. 

„Конгресот на ДУИ предлага Резолуција за тростепена консензуална интеграција кои меѓусебно се компатибилни и во целосна кохезија со основачката декларација на ДУИ и претставуваат продолжение на досегашното делување на партијата.

Конгресот смета дека внатрешната, меѓуалбанската, регионалната и евроатлантската интеграција се процеси тесно испреплетени и условени од социјалниот консензус како витални процеси за заедничка иднина.

Интегрирањето во едно целосно рамноправно општество на граѓани и заедници се обезбедува преку консензуално одлучување на двете мнозински заедници, заедно со другите заедници, како и целосна лојалност на државата  кон граѓанинот како предуслов за лојалноста на граѓанинот кон државата.

Регионалната интеграција на земјите од Југоисточна Европа е неопходна и се постигнува во евроатланскиот дух на отстранување на границите и обединување на инфраструктурата, пазарот, слободното движење на граѓаните, стоките, услугите и капиталот, како и меѓусебното почитување и признавање во духот на солидарноста и демократијата.

Конгресот ја реафирмира нашата цел за природната интеграција на Албанците преку отстранување на границите со Приштина и со Тирана, инфраструктурното поврзување, блиската братска соработка и комуникација во сите општествени сфери.

Конгресот констатира дека евроатланските интеграции се во вистински правец преку финализирање на членството во НАТО, како апсолутен приоритет на ДУИ и преку отворање на пристапните разговори со Европската Унија и секогаш во стратешко партнерство и тесна соработка со нашиот сојузник Соединетите Американски Држави.

Консензуалното одлучување, заедничкото владеење, еднаквоста се предуслови за интеграција на сите нивоа, со преземање на одговорност од страна на легитимните претставници.

Функционалната демократија на мултиетничка држава со европски стандарди ќе се постигне поцелисходно и поефикасно преку интеграција со консензуална демократија и воспоставување механизми за консензуално одлучување на сите нивоа и теми од стратегиски и сеопфатен интерес.

Делегатите на четвртиот изборен конгрес на ДУИ констатираат дека консензуалната интеграција останува двигател и во наредниот период на нашето политичко делување за да се обезбеди еднаквост, правда, безбедност, одржлива стабилност и целосна интеграција во земјата, регионот и евро-американската заедница, притоа почитувајќи ги стандардите на евроатланските демократии.

Конгресот на ДУИ ги оценува Охридскиот и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство како врвни достигнувања во функција на  консензуалната интеграција и констатира дека враќање назад од овие договори нема“, се вели во соопштението на ДУИ.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе