Дебата

Конфискацијата повеќе од потребна, институциите немаат капацитет да ја спроведуваат

Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот е една од основите на владеењето на правото, но во Македонија институциите немаат капацитет тоа да го прават и постои потреба од професионализација и дообука на надлежните кадри.

 Ова беше посочено на денешната конференција посветена на тема „Конфискација на имот и нелегално стекната имотна корист“. Конференцијата беше одржана во рамки на проектот „Мрежа 23“, а во организација на Институтот за европска политика.

Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл рече дека конфискацијата како тема уште во 2004 година е прифатена и вградена во Кривичниот законик,дека има закон за кривична постапка, предвидена е целата процедура и ги имаме сите институции. Но, според Тасева, инситуциите немаат капацитет тоа да го работат.

- Институциите немаат капацитет тоа да го работат, почнувајќи од Јавното обвинителство, Дирекцијата за управување со одземен имот и сите други, кои треба да преземаат мерки. Зборуваме за нешто, но по се изгледа не сакаме тоа да се случи. Прашањето е зошто тапкаме во место и кога ќе почнеме ефективно да се занимаваме со мерката конфискација, порача Тасева.

Според судијата Лазар Нанев, неопходна е целосна мобилизација, дообука и допрофесионализација на овие кадри и во обвинителството и во судовите.

- Потребно е создавање на еден мултидисциплинарен тим, кој треба заеднички да работи од почетокот на спроведувањето на истрагата, па се до нејзнито завршување, кој ќе работи исклучиво на конфискација на имот, рече Нанев и додаде дека потребно да има специјализирани јавни обвинители, но и судии, кои ќе работат исклучиво на случаи на конфискација на имот. 

На конференцијата учествуваше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој рече дека легализмот не може да биде половичен, ниту пак остварлив доколку не ги содржи сите потребни инструменти или механизми кои што ќе водат до целосна правна сатисфакција.

-Легализмот не е возможен, доколку нема силна волја кај оние кои се задолжени за спроведување на законите. Конфискацијата на имот и нелегално стекната имотна корист е едно од есенцијалните правни начела во реално и објективно спроведување на законите, врз основа на кое може да се даде точна оценка за степенот на владеењето на правото, потенцираше Спасовски. 

Спасовски ги презентираше приоритетите во делот на финансиските истраги по однос на нелегално стекнатиот имот и нотираше неколку клучни и досега преземени активности од МВР. 

-Поради зголемување на ефикасноста и функционалноста на институциите задолжени за спроведување на законите, во прв ред на МВР, финансиската полиција, Управата за јавни приходи, Царинските служби, судовите, поставени се основите за отпочнување со работа на Националниот координативен центар за борба против организираниот криминал. Станува збор за меѓуинституционално тело, кое што примарно има цел не само да ја олесни и интензивира размената на информации и податоци на инволвираните инстанци и прецизно да ги детектира и координира активностите на институциите,рече Спасовски.

Спасовски додаде дека се зајакнати капацитетите на Одделот за сузбивање на организираниот криминал и корупција.

-Станува збор за кадровско зајакнување и редефинирање на неговата организациона поставеност и надлежностите. Владата усвои и Стратегија за зајакнување на националните капацитети за водење на финасиски истраги и конфискација на имот со акционен план. Предвидено е до крајот на годинава, целосно да бидат функционални посебните организациони единици за водење финансиски истраги во повеќе институции, нагласи Спасовски.

Целта на проектот „Мрежа 23“е да придонесе кон вградувањето на принципите на владеење на правото во Република Македонија, особено низ призмата на Поглавјето 23 од пристапувањето кон ЕУ - правосудство, темелни права и борба против корупцијата.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе