Солун

Конференција „Од Солун до Загреб“: Целосна интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Заложби за силна, стабилна и обединета Европа и целосна интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија изразија министрите за надворешни работи на западнобалканските земји и од членки на ЕУ кои граничат со регионот, на конференцијата на високо ниво насловена „Од Солун до Загреб”, што вчера се одржа во грчкиот град Солун.

Во заклучоците од конференцијата се наведува дека е клучно ЕУ да понуди кредибилна персепктива за своето проширување, а Западниот Балкан да ги забрза сите неопходни реформи во нивните европски агенди, базирани на стрикни и чесни услови и според принципот на индивидуални заслуги,

Учесниците на собирот во документот „изразуваат очекување дека во согласност со препораките на Европската комисија, ЕУ ќе донесе одлука за започнување на пристапните преговори со Република Албанија и Република Северна Македонија пред Самитот во Загреб во мај 2020, а по можност во март“.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој беше еден од учесниците на форумот, оцени дека од него е упатена голема порака оти не може да се замисли цела, стабилна и успешна Европа без целосна интеграција на Западниот Балкан.

„Тоа е и повик, согласно заклучоците од Европскиот совет минатиот октомври, да се донесат одлуки за пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија пред Самитот во Загреб“, изјави Димитров, додавајќи дека средбата била корисна бидејќи на неа се гради едно чувство на заедништво во регионот на Западен Балкан меѓу земјите кои веќе се членки на ЕУ и оние кои се уште не се дел од блокот.

 Според Димитров, за да може да се продолжи да се говори за европската перспектива на регионот, неопходно е постигнување консензус за зелено светло за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија без одлагање.

„Март ќе биде тест и за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ за кредибилно глобално влијание. Што се однесува до нас, не сме совршени, но сметам дека сите ќе се согласите оти изградивме силно досие и испорачавме. Крајно време е и да се препознае важноста на моментот од страна на Европскиот совет и да се зграпчи шансата за заеднички успех“, изјави министерот Димитров.

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека ЕУ е посветена на интегрирањето на сите земји од Западен Балкан во Унијата, потенцирајќи дека европската перспектива на земјите од регионот им беше ветена пред 17 години во Солун и дека сега е време Унијата да го исполни тоа ветување, доколку државите кандидати ги исполнат поставените критериуми.

Грлиќ Радман изјави дека Хрватска нема дилеми оти Северна Македонија и Албанија треба да добијат зелено светло за отпочнување на преговорите пред Самитот во Загреб во мај, нагласувајќи дека тој би сакал тоа да се случи уште во март. Тој потенцира дека двете земји направиле напредок и дека очекува позитивна препорака од Европската комисија за страт на преговорите со нив кон крајот на месецот.

Домаќинот на Конференцијата, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас пак изрази уверување дека целосната политичка, економска и географска интеграција на Западниот Балкан во Европа е во интерес на ЕУ. Тој нагласи дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ, потенцирајќи дека зачленувањето на земјите од регионот во Унијата е стратешка инвестиција во обединета, силна и стабилна Европа и важна за надминување на поделбите на континентот.

Дендиас истакна дека Самитот во Солун во 2003 година ги постави основите на зачленување на западнобалканските земји во Унијата, процес кој, според него, би требало да се заокружи на средбата во Загреб во мај.

Според Дендиас, нема дилеми дека регионот и припаѓа на ЕУ, но западнобалканските земји мора да се посветат на владеењето на правото, почитување на човековите права и зајакнување на демократските институции. Дендиас потенцира дека ЕУ мора да ги исполни своите ветувања за интеграција на земјите од регионот, со што ќе се постигне трансформација на Западниот Балкан, негово интегрирање во пазарот на Унијата, создавање поповолна економска клима, намалување на невработеноста, привлекување нови инвестиции и запирање на одливот на мозоци.

Оптимизам дека ЕУ ќе ги исполни своите ветување и дека во март ќе донесе одлука за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија изрази и словенечкиот министер за надворешни рабори Миро Церар.

„Убеден сум дека Северна Македонија и Грција направија историски напредок со потпишувањето на Преспанскиот договор. Северна Македонија покажа политичка мудрост и храброст и подготвеност за реформи. Нема сомнеж дека на Северна Македонија ќе и биде одобрен старт на преговорите“, потенцира Церар.

Инаку, на маргините на конференцијата, министерот Димитров имаше билатерална средба со генерална секретарка на Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС), Хелга Шмид со која разменија мислења околу актуелната атмосфера во институциите и земјите членки на ЕУ, како и за евентуалните предизвици  и изгледите за заслуженото конечно исчекорување напред на Северна Македонија на евроинтегративниот пат. добри вести за почеток на преговорите.

Димитров имаше куси разговори и со други учесници на конференцијата, меѓу кои со Дендиас, Грлиќ Радман, Церар, шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ и со заменик генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, Мачеј Поповски.

Конференцијата на високо ниво за европските перспективи на Западниот Балкан во Солун се одржа во рамки на грчката иницијатива за заедничка иднина на балканските земји и Европа. 

MИА

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе