Научен собир во МАНУ

Кондев: Глигоров живееше скромно како претседател, а направи многу за Македонија

Зошто Киро Глигоров се врати во Македонија од Белград на 73 години за да ја преземе претседателската функција? Да направи кариера? Не, затоа што тој веќе имаше богата политичка кариера во некогашната федерација. Да направи пари? Не. Затоа што материјалното никогаш не го интересираше. Кога дојде во Македонија, си ја откупи куќата што беше градена за него, одбиваше да живее во резиденции и сам си ги плаќаше режиските трошоци од скромните претседателски примања, за разлика од многу негови колеги во регионот. Ова на денешниот научен собир во МАНУ на тема „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој 1941-1991/1991-2021“ го кажа Живко Кондев, советник во кабинетот на првиот претседател на државата Киро Глигоров.  

Први говорници на двоневната дебата денеска беа актуелниот претседател Стево Пендаровски и неговите претходници Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски.

Кондев рече дека Глигоров, како претседател во два мандати до крајот на 1999 година, успешно ги менаџираше меѓуетничките односи, а дека нашата земја беше прва од поранешната СФРЈ, која ја испрати ЈНА без испукан куршум и без жртви.

„По распадот на СФРЈ, ни се даде можност сами да одлучуваме за нашата сувереност и независност, што се случи со референдумот. Тоа се направи со ум и разум, наспроти крвавите разврски во дел од поранешните држави. Веднаш се донесе првиот Устав, а во годините што следуваа цврсто се определивме за политиката на мир, рамноправност и соживот. Македонија стана членка на ОН, макар и со привременото име, што се покажа низ времето како вистинска одлука затоа што можеше да се случи да чекаме со години на прием во меѓународната организација, како што чекавме за НАТО, а сега и за ЕУ, како една од стратегиските цели што државата си ги постави во почетоците на независноста и за која се надевам дека брзо ќе почне да се остварува, како што се случи и со приемот во Алијансата“, рече Кондев.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе