Катимерини

„Кон Брисел преку Атина“, Грција ќе бара строго спроведување на Договорот од Преспа

Грчката страна нема да каже „не“ на никој, во однос на европската перспектива на Скопје и Тирана и можноста за добивање датум за почнување пристапни преговори со ЕУ во октомвр, но ќе постави свои услови, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на извор близок до премиерот.

Во текстот под наслов „Кон Брисел само преку Атина“, анализира дека доколку не се случи нешто непредвидливо, тогаш „Атина нема да биде пречка за пристапниот процес на соседните земји“, но ќе постави услови и ќе побара нешто во замена, јавува МИА од Атина.

„За Северна Македонија, според информациите, ќе побара строго спроведување на Договорот од Преспа, а веројатно и некои уверувања од Берлин за олабавување на суфицитот како „возвратен подарок“, а од Албанија гаранции за строго почитување на предвиденото од меѓународните договори и стандарди за заштита на малцинските права на тамошниот хеленизам. Погледот на Скопје и Тирана веќе е насочен кон Атина, очекувајќи од новата влада да ги отвори нејзините карти во пресрет на самитот во октомври“, пишува весникот.

Во однос на проширувањето на ЕУ, „Катимерини“ коментира дека Европејците се поделени меѓу оние кои сакаат (Германија, Италија, ЕК, земји членки од источниот блок) Западен Балкан да биде дел од ЕУ и другите (Франција, Холандија, Данска и др.) кои инсистираат на тоа дека „не треба да им се даваат ни надежи“.

Според весникот, има две опции за самитот во октомври и почетокот на пристапни преговори за двете земји. Првата предвидува ново одложување на дискусијата за подоцна или раздвојување, да се задоволи барањето на Северна Македонија, а тоа за Албанија да се одложи за подоцна. Но, и едната и другата опција ќе имаат цена.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе