Во Познањ

Комплетирање на ЕУ е подобар збор од проширување, порача Димитров

Влезот на земјите од регионот во ЕУ претставува комплетирање, а не проширување, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференција во Познањ, каде што се одржува Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес. 

„Кога размислуваме за регионот, размислуваме небаре регионот се граничи со ЕУ, а практично нашиот регион е опкружен со земји членки на ЕУ. Кога еден ден овие земји ќе заслужат и влезат во ЕУ, мапата на ЕУ нема да стане поголема, зборот проширување не ја рефлектира реалноста, подобар збор е комплетирање, бидејќи имаме дупка”, образложи Димитров.

Тој исто така кажа дека Берлинскиот процес, во чии рамки се организира овој шести самит за Западниот Балкан, не е замена за процесот на зачленување во ЕУ, туку подготовка за него.

„Треба да бидеме задоволни со тоа што се постигнува, Берлинскиот процес започна со агендата за патно поврзување, се прошири со создавање регионална економска зона, двата проекта се подготовка за пристапувањето, подготовка за учество во ЕУ пазарот”,изјави Димитров.

Тој ја потврди и веста дека идната година Северна Македонија заедно со Бугарија ќе копретседава со самитот за Западен Балкан, што, рече тој, преставува важна симболика, посебно по тензиите со соседот и „неприродната неблискост” која се создаде меѓу двете земји.

„Уверен сум дека ова копретседавање ќе биде успешно, ќе бидеме практични, ќе се фокусираме на резултати, ќе ги задржиме позитивните искуства од полското претседателство, и ќе работиме во тесна соработка со Берлин и со граѓанските здруженија кои имаат мудри и креативни идеи”, додаде Димитров.

На заедничката прес-конференција помеѓу Димитров и неговите колеги од Германија, Полска и Бугарија уште еднаш беше потврдена заложбата на овие земји да започнат преговорите со Македонија и Албанија најдоцна до октомври.

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, истакна дека ситуацијата укажува дека од страна на Германија има зајакната поддршка за Западниот Балкан, но дека сите треба да ги зголемат напорите за интегрирање на регионот во ЕУ.

Полскиот министер за надворешни работи, Јацек Чапутович, од своја страна, изрази жалење што одлуката за старт на преговори со Македонија и Албанија беше одложена од јуни за октомври.

„Одлагањето на одлуката не беше добра идеја, сметаме дека е во наш заеднички интерес да се примат овие земји, од безбедносни, од геополитички причини, од голема важност е, а се разбира критериумите мора да бидат исполнети”, рече Чапутович. 

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе