Повик за протестот во Атина

„Комитите ни се пред врата. Ѝ требаш на Македонија. Сега сите заедно“

Во Атина веќе се делат летоци со повик за учество на митингот закажан за 4 февруари. На еден од тие летоци „комитите од Македонија“ се прикажани како една голема закана, крволочна мечка (на времето грчките андарти комитите ги нарекувале „мечки“) и грчкиот народ како со нож ја коле мечката. „Ѝ требаш на Македонија. Сега сите заедно“, пишува на летокот на кој неколкумина Грци заедно држат еден огромен нож со грчко знаме насочен кон мечката.

Грчката православна црква и официјално соопшти дека ќе го поддржи протестот во Атина против политиката на Сириза и на премиерот Алексис Ципрас, кој изрази подготвеност да дозволи во името на северниот сосед да биде содржан и терминот „Македонија“. Црквата веќе направила распоред кои владици ќе присуствуваат на протестот во Атина. Според организаторите, на бината еден од главните говорници ќе биде познатиот грчки композитор Микис Теодоракис.

Организацијата на митингот е испланирана до најмалите детали, па предвидени се автобуси што и од најдалечните села ќе ги носат Грците што се против каква било употреба на името Македонија во соседната држава. Се споменува и некоја бројка од можно учество на 500 илјади луѓе.

Во вторникот две организации, независно една од друга, побарале дозвола за одржување протест од градските власти на Атина. Градот сепак одлучил правото на организација на протест на 4 февруари да ѝ го даде на Пан-македонската организација.

Протестот е закажан за 13 часот на 4 февруари.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе