Влада

Комисијата за заразни болести да предложи мерки за забрана и посебен режим на движење дење и ноќе, во целата држава

Владата на вечерашната седница ја задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и пpeпopaки за воведување најстроги рестриктивни мерки во врска со спречувањето, внесување и ширење  на коронавирусот (забрана и посебен режим на движење на територијата на државата за време на ден и ноќе, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраста и да ги достави до Владата за седницата што ќе одржи утре.

Ова е еден од заклучоците на владината седница и во него стои и дека на утрешната седница на Владата треба да присуствуваат двајца епидемиолози кои ќе ги определи министерот за здравство Венко Филипче, со цел да ги образложат предложените мерки и препораки.

Исто така се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот Ковид – 19.

Се задолжуваат МВР, Министерството за одбрана и Армијата, во рамките на нивните надлежности, веднаш да пристапат кон спроведувањето на досегашните донесени мерки и препораки од страна на Владата.

Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка, трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка.

За ова, се задолжува Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство да подготви соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормира целокупната постапката за спроведување во државен карантин.

5. Се задолжува Мила Царовска, вицепремиерка за економски прашања и за координација со економските ресори, во соработка со Министерството за економија и Министерството за правда, да подготват уредба со законска сила во која правно ќе ги нормираат надлежностите на сите инспекторати и инспектори (надлежностите од инспекторите во Државниот пазарен инспекторат да бидат пренесени на сите инспекциски служби).

Истовремено, на предлог на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заклучено е професионалните возачи на товарните возила кои влегуваат и излегуваат од Македонија, а кои не поседуваат дозволи издадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, да бидат пропуштени на граничните премини при влез и излез, но истите се должни да ја обезбедат и приложат дозволата не подоцна од 24 март 2020 година.

„Се задолжува Министерството за транспорт и врски да достави документ во ексел верзија кој го располага за вкупно издадените сертификати на професионалните возачи за учество во меѓународен патен сообраќај до МВР. Лицата наведени во овој документ задолжително поседуваат важечки сертификат за учество во меѓународен патен сообраќај издаден од Министерството за транспорт и врски, со цел истите да не подлежат на полициски проверки за постапување по изјавата за самоизолација”, заклучи Владата. 

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе