Комисијата за спречување дискриминација вчера влезе во клубот „Ванчо Михајлов“

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација вчера изврши увид во просториите на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, постапувајќи по претставка за дискриминација, поднесена од, како што рече Весна Бендевска од Комисијата, граѓанско здружение со оправдан интерес.

„Согласно наводите во претставката должни сме да ја сослушаме другата страна против која е поднесена претставката, да прибавиме документи. Дојдовме на увид кој е најавен пред една недела и извршивме увид на просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува поднесувачот на претставката“, изјави Бендевска вчера пред медиумите.

Таа не прецизираше за што се однесува дискриминацијата и кажа дека Комисијата нема да прејудицира наводи, туку ќе го објави мислењето откако ќе заврши постапката.

„Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да прибавиме документ, а потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на нашата веб-страна“, изјави Бендевска.

На увидот бил присутен и бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов. Од Здружението, пак, вчера не коментираа  ништо и само кусо изјавија дека увидот бил коректен.

Инаку, клубот „Иван Михајлов“ беше отворен на 16 април во присуство на бугарскиот државен врв, а на почетокот на јуни влезната врата беше опожарена од страна на пејачот Ламбе Алабаковски, кој заврши во притвор, но набрзо беше пуштен.

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе