СОБРАНИЕ

Комисијата за политички систем гласаше за измените во Законот за јазиците

Собраниската Комисија за политички систем денеска гласаше за Предлог законот за употреба на јазиците. За опозициската ВМРО-ДПМНЕ евентуалното усвојување на овој закон ќе значи  целосна двојазичност и федерализација на Република Македонија.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски смета дека овој закон е неуставен и дека ќе ја зголеми недовербата меѓу Македонците и Албанците, а ќе доведе и до дискриминација кај помалите етнички заедници.

За независниот пратеник Ферид Мухиќ во измените на законот нема ништо спорно и дека тие се во склад со член 5 од Уставот вокој се вели дека јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните исто така е службен јазик.

Овој закон треба да се усвои со консензус, смета пратеникот на Беса Африм Гаши.

„Треба да имаме заеднички заклучок од сите политички партии и ова прашање да се затвори еднаш и засекогаш. Решавањето на овој проблем е од државен интерес. Употребата на албанскиот јазик како службен ќе ја зајакне стабилноста на државата, ќе се зближат граѓаните и тоа ќе биде добро за целото општество“, смета Гаши.

Шпреса Хадри од ДУИ смета дека Предлог-законот е од исклучително значење затоа што станува збор за едно универзално право кое луѓето треба природно да го уживаат.

Предлог законот за употреба на јазиците е на дневен ред на денешната седница на Собранието на Република Македонија.

За новите законски решенија за употребата на јазиците претходно гласаа и членовите на собраниската Комисија за европски прашања.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе