Реакција

Комисијата за односи со верски заедници и Цивил го осудија говорот на реисот Реџепи

Во нашата држава се завршени времињата кога една личност, без разлика дели е верски челник, авторитет, политичар, новинар може да го билда својот углед во општеството и давајќи дисквалификации со цел да провоцира одрена група, а за тоа да има бенефит, изјави Даријан Сотировски, директорот на Комисијата за односи со верски заедници. Тој го осуди говорот на реисот Сулејман Реџепи кој на 14 март спомена „див народ без идентитет" при поставување на камен темелникот за изградба на џамија во селото Арнакија.

„Нам не ни пречи да градат цркви, но никогаш нема да молчиме кога не попречуваат во градењето на џамиите, кога не се одобрува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме никогаш. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со Господ напред дека ќе дојдат подобри времиња. Ние имаме народ и места секаде. Во село Лажец, Битолско, повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие со каков див народ живееме. Овие се беспримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика дека ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот, не се освестува“, рече поглаварот на ИВЗ.

Од ИВЗ за „24 Вести“ велат дека изјавата на Реџепи е извадена од контекст, и дека во ниту еден момент Реџепи не споменува „Македонци“, туку мислел на локални жители.

Говорот на реисот го осудија и невладините организации Цивил и Хелсиншки комитет, кој патем поднесе и пријава против Сулејман Реџепи.

Невладината организација Цивил остро ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи. Крајно неприфатливо е за еден поглавар на верска заедница да се служи со таков говор на омраза и да поттикнува верска и национална нетрпеливост, се вели во реакцијата на Цивил.
„Неприфатливо е поглавар на верска заедница, чија цел е да обединува, а не да создава раздор меѓу народот, своите сограѓани да ги квалификува како „дивјаци и луѓе без идентитет". Неприфатливо е човек кој е полн со толкава омраза да биде највисокиот претставник на една верска заедница во земјата. Исто така, неприфатливо е што оваа своја постара изјава, реисот повторно ја промовира на социјалните мрежи, и тоа во време на изборна кампања, со што дава еден поинаков контекст на целата содржина и отвора можности за манипулации и злоупотреба".
Цивил констатира дека со ваквата изјава, поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи грубо го крши членот 391 од Кривичниот законик, според кој не е дозволено предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.


Цивил потсетува дека однесувањето на Сулејман Реџепи, како и многу пати досега, се коси со начелата за кои се претставува дека се залага. Уцени, поддршка на режими кои брутално убиваат новинари, како што беше случајот со новинарот Кашоги, уцени со враќање на имоти за поддршка на изборите, попречување на донесувањето на закони, како оние за абортус и антидискриминација, објавување лични фотографии на кои се наоѓа тој и малолетни членови од неговото семејство на кое држат оружје во рацете..., се само дел од ваквото однесување на Реџепи, на кое сведочиме со години.
„Однесувањето на Реџепи е крајно неприфатливо и мора веднаш да престане! Верските заедници, како исламската, така и православната и сите останати, мора да бидат одвоени од државата! Последната изјава на Реџепи, која предизвика експлозија од реакции во јавноста, а претставува пример за недолично и крајно неприфатливооднесување и за говор на омраза и дискриминација, ја оценуваме како кривично дело за кое Реџепи мора да поднесе одговорност".
Цивил бара од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство да реагираат веднаш и да го повикаат Реџепи на одговорност! Законот мора да важи за сите подеднакво, па и за Реџепи, се вели во реакцијата на Цивил.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе