Комисијата за историски прашања заглави на придавката „македонски"

Дводневната 11 средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, вчера заврши без каков било напредок. По онлајн средбата копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров информираа дека голем дел од нивната работа бил посветен на усвојувањето на записниците од претходните две средби, а главен проблем бил употребата на придавката македонски, како и разидувања околу цар Самоил. Сепак, најавена е нова онлајн средба за следната недела.

„Нашите македонски колеги настојуваа насекаде да се стави македонски. Но, блокирајќи го потпишувањето на записниците се става под сомневање нашата работа бидејќи без документ за тоа кои дискусии се водени, какви одлуки се донесени, работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање желба да се работи поинтензивно и со повеќе резултати. За жал, нашите опсервации покажуваат дека оваа нова позиција на нашите колеги е дел од еден политички однос, од едно убедување за дискредитирање на Бугарија и на државните позиции кои почнаа минатата година“, рече Димитров.

Ѓоргиев потврди дека добар дел од средбата бил посветен на записниците од 9. и 10. средба, а главен проблем бил употребата на придавката македонски, поврзана со различно толкување на Преспанскиот договор, од бугарските колеги.

„Тоа беше внесено во Комисијата после 6.средба, нашата страна не беше информирана за тоа, но бугарските колеги почнаа да го практикуваат тој начин на правење записници без притоа тоа да биде споделено со нас и да биде известено и нашето Министерството и можеби консултациите со Министерството ќе придонесеа да се надмине проблемот. Засега останува проблемот со придавката македонски. За тоа се разговара и на повисоко ниво и се надевам дека ќе се најде решение“, рече Ѓоргиев.

Во врска со работатата на Комисијата за претставувањето на цар Самоил и Самоиловата држава  во учебниците по историја за 7-мо одделение, не е постигната согласност, а главниот проблем според него, е во тоа што се избегнува внесување на мултиперспективност во учебниците по историја.

„Идејата да се наметне само едно видување на таа држава всушност резултираше со непостигнување резултати. Беа разменети неколку варијанти и предлози за тој дел од нашата историја, но се покажа дека имаме апсолутно споротивставени гледања за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади и како би требало да изгледаат идните учебници во РС Македонија и во Р Бугарија“, вели Ѓоргиев.

Димитров, пак, наведе за цар Самоил разговорите завршиле без резултат и се отстапило од веќе подготвен заеднички текст за двете влади за негово заедничко чествување.

Во однос на Гоце Делчев на состанокот било разговарано многу малку, и немало никакво поместување во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело.Договорена е онлајн средба следната недела во скратен состав за надминување на проблемот со цел потпишување на записниците на Комисијата, која е формирана согласно Договорот за добрососедство  од 2017 година  помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Бугарските позиции за блокада на усвојувањето на преговарачката рамка, а со тоа и на првата Меѓувладина конференцијан на ЕУ со С Македонија, остануваат речиси извесни. Бугарија на амбасадорскиот состанок минатата недела, повтори дека нема да даде зелено светло за Македонија на идниот министерски состанок на 8 декември.

Бугарски медиуми, пак, вчера објавија дека ветото за старт на пристапните преговори за С Македонија го поддржуваат и други земји – членки, наведувајќи ги Холандија и Данска.

Овие тврдења во веста која ја објави бугарскиот весник „24 Часа", повикувајќи се на неименувани дипломатски извори од Брисел, веднаш беа демантирани од двете земји членки. Холандија ги оцени информациите како лажни.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите во некои медиуми дека и Холандија и Данска се против почнување преговори на земјава со Унијата, и министерот за надворешни работи Бујар Османи, потврди дека имаме недвојбена поддршка не само од Холандија, туку од сите земји членки на ЕУ и дека останува прашањето со Република Бугарија.

 

 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе