Собрание

Комисијата за европски прашања не прифати ниту еден амандман за Предлог-законот за државјанство

Членовите на собраниската Комисијата за европски прашања денеска, на вториот ден, го разгледаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање.

Претседателот на Комисијата Арбер Адеми за МИА изјави дека амандманите биле разгледани и ниту еден не бил прифатен и усвоен од страна на членовите на комисијата.

„Заврши и вториот ден со разгледување на сите амандмани. Иако на почеток, и на првиот ден и денеска, на вториот ден на диксусијата за Предлог-законот имаше доста процедурални интервенции од страна на пратениците од опозицијата. На крај, со мнозинство гласови се донесени одлуките од страна на комисијата“, потенцира Адеми.

Овој Предлог-закон оди на пленарна седница на Собрание, поточно на 47-та седница.

За овој Предлог-закон имаше поднесено повеќе амандмани. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаше само шест амандамни кои, како што рече Адеми, биле неуредни и воопшто не биле разгледани. Тој информира дека добиле известување од претседателот на Собранието Талат Џафери дека тие амандамни нема да бидат доставени бидејќи се неуредни. Комисијата денеска ги разгледала само амандманите од пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

Со Предлог-измените на законот треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето во сила на законот. 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе