Собрание

Комисијата за деловнички прашања денеска ќе расправа за инцидентот со Талат Џафери

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања денеска ќе одржи седница.На дневен ред на седницата е пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, поднесена од пратениците Дафина Стојаноска, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Рашела Мизрахи, Александар Николоски, Дајанчо Ефтимов, Александар Велјановски, Бети Стаменкоска Трајкоска, Зоран Коцевски, Драган Ковачки, Тони Јаревски, Лидија Петкоска, Бојан Стојаноски, Велика Стојкова Серафимовска, Даниела Христова, Иванка Василевска, Благица Ласовска и Љупчо Пренџов.

Собранискиот спикер Талат Џафери на последниот брифинг со новинарите рече не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со погрдни зборови. Тој не смета дека го прекршил Етичкиот кодекс и вели дека за ова прашање има процедура која тече во телата на Собранието. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе