Собрание

Комисија за европски прашања, усогласени 10 од 50 амандмани за Законот за ЈО

На денешното заседание на собраниската Комисија за европски прашања беа усогласени 10 од педесетина амандмани на предог-законот за јавно обвинителство со кој се решава судбината на СЈО. Четири од 14 амандамни на ВМРО-ДПМНЕ, беа прифатени. Но, усвоените амандамни главно се однесуваат на некои технички прашања, а за главните недоразбирања мешу власта и опозицијата ќе се расправа и утре.

„Во следните денови ќе продолжат преговорите меѓу власта и опозицијата. Дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат и на изборот на обвинителот на новото обвинителство да биде на предлог на опозицијата, како и принципот на хиерархија и субординација - предметите на СЈО во судска постапка да одат кај државниот обвинител и потоа тој да ги распредели во Обвинителството за гонење на организиран кримина. Бараме и изборот на обвинителот да не биде само од редот на обвинители, туку да може да конкурираат и професори“, изјави Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека мешањето на политиката ќе влијае врз независноста на обвинителскиот систем, но ќе почекаат да ги слушнат аргументите за сите амандмани.

„Усогласени се десет амандмани, важно е дека е откочен процесот, се надеваме конструктивно да продолжиме“, рече пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска-Ванчева.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе