По предлогот за разрешување на Катица Јанева

Колевски против Димовски, ако седницата биде јавна може да ја попречи истрагата за „Рекет“

Седницата на собраниската Комисија за избори и именувања за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева може да влијае негативно на истрагата за случајот „Рекет“ ако биде отворена за јавноста, изјави Ацо Колевски, новиот претседател на Советот на јавни обвинители. Претседателот на комисијата, пратеникот Илија Димовски вчера изјави дека ќе бара седницата да биде отворена за јавноста.

Колевски смета дека принципиелно е седницата да биде затворена за јавноста затоа што во тек е истрага за случајот „Рекет“ и материјалот за разрешување на Јанева кој Советот на јавни обвинители го испрати до Собранието е доверлив.

Aцо Колевски

Претседателот на Советот на јавни обвинители вели дека денеска ќе свика седница на која обвинителите ќе го разгледаат предлогот на Димовски извештајот за Јанева да не биде доверлив. Сепак собраниската комисијата сама одлучува дали седницата ќе биде јавна, изјави Колевски.

Илија Димовски

Илија Димовски вчера изјави дека најпрво ќе побара од Советот на јавни обвинители материјалот да не го класифицира како доверлив.

Собраниската Комисија за избори и именувања е закажана за утре. Откако Комисијата ќе одлучи за предлогот за разрешување на Јанева, таа одлука оди на гласање на пленарна седница, а за одлуката да биде прифатена потребно е 2/3 и Бандентерово мнозинство.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе