Што покажаа снимките објавени од Чикаго

Кој уште прислушува? „Бомбите“ на Ел Чека покажаа дека се прислушува и по основањето на СЈО

Според содржината на разговорите на дел од „бомбите" на Ел Чека, објавени на фејсбук-профилот на лице од Чикаго, може да се заклучи дека некој и натаму прислушувал разговори на високи државни функционери и по основањето на Специјалното јавно обвинителство и ОТА.

Ел Чека отворено вели дека има повеќе од 6.000 аудио снимки добиени од ocyдените членови на „кумановската група“ кои се наоѓаат во затвop.

СЈО и ОТА беа формирани токму со цел да се прекинат злоупотребите направени во државните органи во однос на следењето и незаконското снимање на разговори на високи државни службеници и партиски раководители. Во дел од „бомбите“ на Ел Чека има содржина која се однесува на теми по формирањето на СЈО и ОТА. Ова отвора сомнеж дека некој тука и натаму прислушува.

Најголем дел од новите снимки од прислушувани телефонски разговори наводно се однесуваат на функционери, членови на ДУИ. МВР ветува темелна истрага за тоа дали и кој прислушува и додава дека нема нелегално прислушување со државните системи.

Повторно се отворија дилемите за тоа кој поседува апарати за следење на комуникациите, но и како се користат државните системи за прислушување.

Денеска Ел Чека во видео обраќање преку фејсбук-профилот вели дека снимките ги добил од осуденици во случајот Диво Насеље и дека нема да престане со објавување на снимки сѐ дури не се отвори меѓународна истрага за кумановските настани.

Ел Чека кој е по потекло од Кичево, а живее во Чикаго, не го крие својот идентитет и постојано објавува лични фотографии на својот фејсбук-профил. Тој во последното видео вели дека ќе ги објави сите „бомби“ кои ги поседуваат, сѐ додека не се расветли случајот во Куманово.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе