Кој не е на страната на работниците? Препукувње меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

СДСМ го одби амандманот на ССМ за зголемување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари, таа партија нема слух за барањата на работниците, нема пари за народот, но има за позлатен прибор за јадење и за тендери, обвини портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. Од СДСМ ѝ возвратија дека целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да му помогне на ССМ, туку да го суспендира договорот на Владата со СОНК за покачување од 15 % на платите во образованието и континурано покачување согласно методологијата.

Осврнувајќи се на вчерашната комисиска расправа во Собранието на Македонија каде не беше изгласан амандманот од ССМ на предлог ребалансот на Буџетот, Митева рече дека пратениците од СДСМ, преку недолични, омаловажувачки и вулгарни напади ги карактеризираа работниците во јавниот сектор како лица кои не заслужуваат плата, не работат, не се ефикасни и не придонесуваат.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да запре тука и повторно пратеничката група комисиски ќе поднесе амандман за да може сите вработени во јавниот сектор да добијат по 2.806 денари зголемување на платата. Тоа е егзистенционално прашање и е  навистина сериозен проблем на сите вработени, особено во време на галопирачка инфлација и ценовни шокови кои патем оваа влада ги создаде“, рече Митева оценувајќи дека и премиерот Димитар Ковачевски го користи „заевизмот во неговата најлоша форма - кажувам, заборавам, негирам“.

Од СДСМ реагираат на прес-конференцијата на портпаролката Митева и велат дека токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата којшто го погазуваше трудот и достоинството на работниците и ја држеше минималната плата под 9.000 денари.

„Ниту е ВМРО-ДПМНЕ на страна на работниците ниту пак на страна на ССМ, напротив, Целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да помогне на ССМ туку да го суспендира договорот на Владата со СОНК за покачување од 15 % на платите во образованието и континурано покачување согласно методологијата. ВМРО-ДПМНЕ на овој начин бара помало зголемување на платите во образование и детска заштита од 11,5%. Владата предводена од СДСМ нуди системско решение преку воспоставување на нова методологија која значи постојан раст на платите во јавен сектор. Преку социјален дијалог со ССМ, како репрезентативен синдикат, може да се дојде до системско решение за што преговорите траат“, соопшти СДСМ во реакцијата и најави дека до крајот на годината ќе се донесе нов закон за платите во јавниот сектор, кој ќе ги воедначи разликите и ќе воспостави систем на плати во јавниот сектор.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе