Кои европски земји ги отворија границите пред летните одмори

Во време кога европските држави почнуваат да ги олабавуваат рестрикциите заради ковид-19 европската слика е мешана што се однесува до патувањата, но факт е дека генерално лесно е движењето во рамките на Шенген зоната. Сепак, речиси сите земји имаат сопствени правила и свој календар за отворање за туристите, како од нивните соседни ЕУ земји, така и од други држави.

Треба да се знае дека надворешните граници на ЕУ ќе останат затворени најмалку до 15 јуни за лица кои доаѓаат од земји што не се членки на Унијата.

Во меѓувреме, Европската комисија препорачува внатрешните граници на ЕУ да почнат постепено да се отвораат и граничните контроли да запрат од 15 јуни, а привремените рестрикции за несуштински патувања да се продолжат до 30 јуни во ЕУ.

Австрија ги отвори границите со Германија, Швајцарија, Лихтенштајн, Сковачла, Словенија, Унгарија и Чешка на 4 јуни. Границата со Италија ќе се отвори на 16 јуни, но ќе има предупредување за патување во регионот Ломбардија. Сепак, лицата кои пристигнуваат во Австрија од земји што не се дел од Унијата, мора да покажат потврда за негативен тест на ковид-19, не постар од 4 дена.

Инаку влегувањето во Австрија со авион е забрането за граѓаните што живеат надвор од Шенген зоната.

Белгија сѐ уште има затворени граници и забранети се патувања надвор од земјата ако не се итни. Владата објави дека планира на 15 јуни да ги отвори границите за граѓаните на ЕУ, велика Британија и четири други Шенген земји: Швајцарија, Лихтенштајн, Исланд и Норвешка.

Босна и Херцеговина засега ги има отворено границите за граѓаните од соседните земји, додека други странски државјани немаат право на влез, со исклучок на транспортери, резидентни жители и дипломати.

Бугарија на 1 јуни ги отвори границите за граѓаните на ЕУ, Велика Британија, Сан Марино, Андора, Монако, Ватикан, Србија и за Македонија, како и за медицински работници и роднини на бугарски граѓани. Но, за патниците од Македонија е задолжителен 14-дневен карантин.

Хрватска има отворени граници за граѓани на Чешка, Унгарија, Австрија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словенија, Германија и Словачка.

Кипар овозможи туристички патувања на 9 јуни и натамошното отворање ќе се одвива во две фази. Земјата исто така објави дека ќе ги покрива трошоците за лекување во случај на зараза од вирусот на островот.

Со првото отворање на 9 јуни опфатени се граѓаните на Грција, Малта, Бугарија, Норвешка, Австрија, Финска, Словенија, Унгарија, Израел, Данска, Германија, Словачка и Литванија, но тие мора да имаат медицинска потврда дека се негативни на ковид-19 најмалку три дена пред патувањето.

Од 20 јуни на островот ќе можат да патуваат и граѓани од Швајцарија, Полска, Романија, Хрватска, Естонија и Чешка. Од истиот датум на патниците од првата група нема да им требаат медицински потврди, но оние од втората група ќе мора да ги приложат. Од двете групи се исклучени граѓаните на Велика Британија и на Русија. Според најавите, летовите од Британија може да продолжат кон средината на јули, а неколку недели подоцна и од Русија. Засега од листите се исклучени и САД, Франција, Шпанија и Италија.

Чешка ги отвори границите со Австрија и Германија на 5 јуни, десет дена порано од планираното. На 27 мај земјата ги отвори границите со Словачка и Унгарија, но со одредени рестрикции. Во земјата можат да влезат граѓани на ЕУ заради бизнис, посета на роднини или заради студирање, но мора да покажат негативен тест на ковид-19.

Данска уште не ги отворила границите за странци. Во земјата можат да влеза само граѓани на Данска, Гренланд и Фарските острови, но „со добра причина“. Од 25 мај лицата со дозвола за престој во Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска, како и Германија можат да се вратат во земјата ако имаат некакво сродство со некој во данска, ако имаат баби и дедовци или ако патуваат за бизнис. Од 15 јуни Данска ги отвора границите за туристи од Германија, Исланд и Норвешка. Другите граѓани од ЕУ, како и од Велика Британија нема да можат да влезат во данска до крајот на летото.

Естонија на 15 мај ги отвори границите за балтичките соседи, а од 1 јуни и за патници од Велика Британија и од ЕУ. Оние, пак, кои доаѓаат од земји со висока стапка на заразеност ќе мора да бидат во изолација од две недели.

Финска, според актуелната одлука, ќе има затворени граници до 14 јуни, но во средината на мај тие беа отворени за работниците во Шенген зоната.

Франција, според она што го најави премиерот, планира да ги отвори границите со ЕУ и Велика Британија на 15 јуни, а моментално „важни“ патувања се дозволени само за оние кои не живеат во земјата. Лицата кои ќе пристигнуваат од Велика Британија и од Шпанија ќе одат во доброволен карантин. Оние, пак, што се надвор од ЕУ и Велика Британија уште нема да можат да влезат во Франција, освен во ограничени околности.

Германија ќе ги отвори границите со ЕУ земји и со велика Британија на 16 јуни, а во моментов патниците кои сакаат да влезат во земјата треба да имаат „голема и валидна“ причина за тоа. Контролите на границите со Австрија, Швајцарија, Франција и Данска, како и за оние кои со авион доаѓаат од Италија и Шпанија ќе важат до 16 јуни.

Грција ќе ги отвора границите во три фази. Првата фаза до 15 јуни вклучува ограничен број меѓународни летови, но сите патници што пристигаат треба да се тестираат и да преноќат во одреден хотел. Ако е тестот негативен ќе останат во карантин 7 дена, а ако е позитивен „под контрола“ 14 дена. Во рамки на втората фаза од 15 до 30 јуни ќе бидат дозволени меѓународни слетувања и на солунскиот аеродром, а не некои патници ќе мора да им се направи задолжителен тест и ако се негативни одат во изолација 7 дена, а ако се позитивни 14 дена. Сите други патници од Албанија, Австралија, Австрија, Македонија, Бугарија, Германија, Данска, Швајцарија, Естонија, Јапонија, Израел, Кина, Хрватска, Кипар, Летонија, Либан. Нов Зеланд, Литванија, Малта, Црна Гора, Норвешка, Јужна Кореја, Унгарија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Чешка и Финска ќе се тестираат по случаен избор и без дополнителни рестрикции.

Копнените граници со Македонија и Албанија, Грција ќе ги отвори на 1 јули, а не на 15 јуни како што првично беше најавено, а ќе функционираат само неколку гранични премини.

Во третата фаза од 1 јули натаму, се предвидува меѓународни летови на сите аеродроми во земјата и тестови по случаен избор. Сите туристи кои по 1 јули ќе пристигнат во Грција, ќе треба да имаат пополнет формулар (Passenger Load factor) со податоци за нивните контакти во Грција, ќе се спроведуваат тестови по случаен избор, а евентуалните позитивни случаи ќе бидат 14 дена во карантин во хотел-карантин.

Унгарија има отворени граници со Романија, Словачка, Словенија и Србија, но со одредени рестрикции. Граѓаните на Чешка можат да влезат преку Словачка, а границата со Хрватска е отворена за оние кои имаат хотелски резервации. Границите со Австрија и со Украина уште се затворени. 

Исланд ги отвора границите за патници од ЕУ и Велика Британија на 15 јуни, а по нивното пристигнување ќе се врши „проценка“, Неколку часа подоцна ќе добијат резултат на телефон, откако ќе ја симнат апликацијата за тракинг. Но се уште не се јасни процедурите за оние кои се позитивни на вирусот.

Ирска се уште бара секој што ќе влезе во државата да биде во 14-дневна изолација, вклучувајќи ги и ирските граѓани.

Италија на 3 јуни ги отвори границите за граѓани од ЕУ, Велика Британија, Шенген зоната, Андора и Монако, како и кон Ватикан и Сан Марино. Патниците од овие земји не треба да одат во карантин, освен ако во рок од 14 дена пред доаѓањето во Италија биле во друга држава.

Летонија ги отвори границите со балтичките соседи Естонија и Литванија на 15 мај, а од 1 јуни ги укина граничните контроли со Литванија.

Литванија ги отвори границите со Естонија и Летонија на 15 мај, а дозволи влез на граѓани на Полска за бизнис и студирање.

Луксембург досега ја отвори само границата со Германија, на 15 мај.

Малта најави дека ќе дозволи туристички патувања од 1 јули, а ќе дозволи влез на граѓани од Германија, Австрија, Кипар, Швајцарија, италијанските острови Сицилија и Сардинија, Исланд, Словачка, Норвешка, данска, Унгарија, Финска, Ирска, Литванија, Израел, Летонија, Естонија, Луксембург и Чешка. Листата ќе се дополнува во согласност со одобрувањето од здравствените власти во земјата.

Црна Гора дозволува влез без карантин за оние кои доаѓаат од земја во која стапката на трансмисија на вирусот е помала од 25 на 100.000 жители. Црногорската влада еднаш неделно ја обновува листата на земји чии граѓани можат да влезат на нејзина територија.

Холандија ги затвори границите на 19 март, но тие се отворени за оние кои влегуваат од Шенген зоната и кои мора „да ги следат холандските совети и правила за борба против ковид-19, како што е дистанца од најмалку 1,5 метри, миење раце и избегнување ракувања. За лицата кои доаѓаат надвор од Шенген зоната, вклучително и САД, Австралија и Канада патувањата се забранети до 15 јуни.

Норвешка целосно ги затвори границите, освен за оние кои живеат или работат во Норвешка. Аеродромите се отворени. Од 15 јуни ќе се дозволи влез за граѓаните на данска, а до 20 јули ќе се разгледа можноста за исклучоци за некои околни европски земји. Инаку, во земјата е задолжителен 10-дневен карантин за оние кои се враќаат од странство.  

Полска ги затвори границите со неколку земји, вклучително и Чепшка, Словачка и Германија.

Португалија дозволува работници и стоки да ја минуваат границата со Шпанија, но за туристи таа е затворена најмалку до 15 јуни.

Русија на 8 јуни соопшти дека парцијално ќе ги отвори границите, откако ги олабави рестрикциите поради коронавирусот. Рускиот премиер изјави дека ќе може да се патува во странство за работа, медицински причини или за студирање, како и за грижа за членови на семејството. Но, засега нема датум кога ќе продолжат меѓународните летови.

Романија ја отвори границата со Унгарија.

Србија целосно ги отвори границите.

Словенија на 15 мај ги отвори границите за граѓаните од ЕУ, а секој што се сомнителен дека има ковид-19 оди во карантин 14 дена.

Словачка на 10 јуни ги отвори границите за Германија, Лихтенштајн, Швајцарија, Словенија, Хрватска. Бугарија, Грција, Кипар, Малта, Естонија, Летонија, Литванија, Финска, Норвешка, Данска и Исланд. Претходно ја отвори границата за Австрија, Унгарија и за Чешка. Од 10 јуни во земјата не е задолжително носење заштитни маски.

Шпанија ќе ги отвори границите за странци на 1 јули. Засега само шпански граѓани, жители на Шпанија со дозвола на престој, гранични работници, како и професионалци за грижа за стари лица и медицински лица можат да влезат во Шпанија преку пристаништа или аеродроми. Исклучоци се дипломатскиот персонал и транспортерите на стоки за да се избегне недостаток. Инаку, лицата кои доаѓаат од странство остануваат во карантин 14 дена, а оваа одлука нема да важи од 1 јули.

Шведска има затворени граници, а рестрикциите важат за „несуштински“ патувања од земји надвор од ЕУ, освен од Велика Британија и Швајцарија. Рестрикцијата ќе важи до 15 јуни.

Швајцарија на 15 јуни ќе ги отвори границите за сите ЕУ држави, Велика Британија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, наместо на 6 јули како што претходно планираше. За странци без работна или дозвола за престој влезот е забранет. Странски патници можат да влезат само преку аеродромите во Цирих, Женева и Базел. Карантин за оние кои пристигнуваат во земјата нема.

Турција забранува влез на странски државјани.

Велика Британија има отворени граници, а од 8 јуни патниците од странство одат во карантин 14 дена. Од ова правило се исклучени здравствени работници, а сите што пристигнуваат во земјата мора да се изолираат и да дадат контактни информации. Мерките се разгледуваат на секои три недели.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе