Коѕијас: На споменикот на Александар во Скопје пишува дека е Грк

Поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас ја објави новопоставената табла на споменикот на Александар Велики во Скопје, наведувајќи дека на знакот се вели дека тој е грчки херој.

„Знак на кој пишува дека Александар Велики е грчки херој денес стои под споменикот на Александар во Скопје. Ова е уште еден доказ за пријателството меѓу народите и удар врз алтруизмот“, напиша Коѕијас на Твитер.

Поранешниот грчки министер за надворешни работи е еден од потписниците на Договорот од Преспа, со кој беше решен повеќедеценискиот спор за името меѓу Грција и Македонија.

Пред два дена на спомениците на Александар Велики, Филип Втори и Олимпија во центарот на Скопје беа поставени знаци во согласност со одредбите од Договорот од Преспа, на кои се вели дека станува збор за фигури од античката хеленска историја и меѓународното историско наследство.

„Во чест на Александар Велики, историска фигура што ѝ припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои на ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.

Слични написи има и на другите споменици.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе