За грчката ЕРТ

Коѕијас: На маса останаа Северна, Горна и Нова Македонија, дојде време да се каже големо „да“ или големо „не“

Република Северна Македонија, Република Горна Македонија и Република Нова Македонија се имињата што се останати на масата, откако отпадна и Република Вардарска Македонија и во наредните денови може да се дојде до решение, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.

Запрашан зошто се одложува телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, Коѕијас изјави дека „владата на соседната земја се соочи со проблеми и сега размислува за некои ревизии на договорот, односно рамката за договор што беше утврдена на неговите средби со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров во Њујорк и Брисел“.  Тој, сепак, се надева дека за неколку дена овие тешкотии ќе бидат надминати, јавува Си-ен-ен на грчки јазик.

„Сега дојде време да се каже големото ‘да’ или големото ‘не’. Договорот не е трка на 100 метри, има успони и падови и мора да имаме трпение. Но, додека нема потписи на договорот, ништо не е готово“, рече Коѕијас.

Според него, договорот е добар компромис од кој добиваат и двете страни.

Коѕијас не сакаше да ги коментира информациите дека договореното име е Северна Македонија и кажа дека името што ќе се договори ќе го објават двајцата премиери. Но, изјави дека Вардарска не било прифатено од македонската Влада, бидејќи потсетувало на окупацијата.

Говорејќи за можните имиња, Коѕијас, исто така рече дека „Атина му предложила на Скопје“ да предложи нови имиња, ако не прифаќа некој од предлозите на посредникот Метју Нимиц.

Тој одговори и на критиките од опозицијата, изјавувајќи дека претходните грчки влади прифаќале решенија, како на пример Република Македонија-Скопје, и тоа како  двојна формула, без условот за севкупна употреба, односно ерга омнес.

„Наш национален интерес е да го решиме проблемот со името со соседите и тоа е целта на нашата активна надворешна политика“, изјави Коѕијас.

 

 

 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе