Во Атина

Коѕијас - Мас: По 10-20 години ќе се подразбира дека има Северна Македонија, чии луѓе говорат македонски јазик

Во грчкиот Прламент има мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа и тоа е јавно потврдено од СИРИЗА, од партијата Потами и од одредени пратеници, рече грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по средбата со неговиот германски колега Хајко Мас.

Договорот од Преспа бил една од темите на разговор на двајцата министри, откако Мас допатува во Атина по посетата на Македонија и средбите со македонскиот државен врв. И Мас и Коѕијас на прес-конференцијата говореа за историски договор и историска шанса што ќе придонесе за стабилност во регионот, јавува МИА од Атина.

„Се надевам дека овој историски договор ќе се имплементира, бидејќи придонесува за пријателството на двата народа и уште поважно е дека придонесува за стабилност во поширокиот регион”, изјави Мас.

Коѕијас, пак, го повторил неговиот став дека „историјата треба да биде училиште”, а не затвор, како и дека „договорот нѐ извади од затворот”. Тој рече дека се надева оти референдумот ќе биде успешен и дека ќе има неопходна излезност и ги објасни следните чекори предвидени во договорот.

„Се надевам и врувам дека референдумот ќе помине и ќе ја има неопходната излезност, а потоа од страна на идната Северна Македонија ќе треба да се направат низа уставни промени”, рече Коѕијас.

Според него, овие измени се главно поврзани со иредентизмот, а „еден голем проблем е и името на црквата, но тоа сега не е тема”.

„Кога ќе заврши сето ова, што требаше да заврши во декември, но како што гледам ќе заврши кон средината или крајот на јануари, тогаш ќе дојде ратификацијата на договорот во грчкиот Парламент. Исто така, во грчкиот Парламент ќе дојде за ратификација одлуката на НАТО за интеграција на оваа земја во НАТО. Што значи дека ќе имаме две гласања во грчкиот парламент, а по кој ред ќе дојдат ќе одлучи претседателот на парламентот. Мнозинство за ратификација на овој договор постои и е јавно изразена од СИРИЗА, од партијата Потами и од многу одредени пратеници”, објасни Коѕијас, повторувајќи го ставот дека во грчкиот Парламент не е потребно мнозинство партии, туку мнозинство пратеници.

Коѕијас, на прес-конференцијата во грчкото МНР, по средбата со Мас рече дека Договорот гледа кон иднината и на Балканот му дава стабилност и безбедност, додавајќи дека по 10-20 години никој нема да ги памти денешните кавги, а „сите ќе сметаат дека се подразбира дека постои земја под името Северна Македонија, во која живеат луѓе кои се самоопределуваат, според нивните демократски права и говорат македонски јазик”.

На новинарско прашање упатено до шефот на германската дипломатија, дали можеби посетите на Скопје на голем број странски лидери можа да имаат спротивен ефект, Мас рече дека и тој се прашувал дали посетата на Македонија би била од корист, со оглед на тоа дека земјата ја посетија и други претставници на германскиот државен врв меѓу кои и канцеларката Меркел, но сепак рече дека смета дека ќе има позитивно влијание на референдумот.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе