Во Москва

Коѕијас: Го решивме спорот со името со Северна Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас веќе од денеска почна да го користи името кое е договорено меѓу двете страни. На прес конференцијата во Москва, по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Коѕијас, одговарајќи на новинарско прашање за името го искористи новото договорено име „Северна Македонија“.

Тој рекол дека во регионот постои култура луѓето да се караат за имиња.

„Надворешната политика на нашата влада е активна, демократска и повеќедимензионална. Во овие рамки го решивме прашањето што официјално постои веќе 25 години, а вистински, најмалку 70 години: да се запре спорот за името со Северна Македонија. Малку е дел од културата на регионот да се караме за имиња. Така е и ако дедовците во едно семејство немаат исто име, тогаш постои проблем. Секако постоеја и прашања со иредентизмот, кои со овој договор ги завршивме”, изјавил Коѕијас по средбата со Лавров.

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе

Ако нешто е направено спротивно на законот, тогаш тоа што е направено е ништовно по силата на правото (ipso iure). 

повеќе

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе