Луксембург

Коѕијас ги искара македонските министри: Да не се преговара преку интервјуа, да се покаже сериозност

Лидерите на соседната земја да сфатат дека не може да се преговара преку интервјуа и јавни изјави, изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во Луксембург по Советот за надворешни работи на ЕУ.

Коѕијас по состанокот со неговите колеги од Унијата, рече дека освен за ситуацијата во Сирија и нуклеарната програма на Иран, разговарале и за земјите од Западен Балкан, а тој информирал за текот на преговорите со нашата земја и Албанија.

„Објаснив каде се наоѓаат нашите преговори со Албанија и со ПЈРМ и исто така ја потенцирав потребата лидерите на последната да разберат дека не може да се водат преговори преку интервјуа и континуирани јавни изјави. Дека треба да покажат сериозност и да прифатат еден метод што ќе не одведе до решение“, ја пренесува изјавата на Коѕијас агенцијата МИА.

Во саботата премиерот Зоран Заев и министрите Радмила Шекеринска и Бујар Османи имаа заедничка конференција за медиуми, на која беа изнесени многу повеќе од вообичаеното детали за текот на преговорите за името.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе