Интервју

Коѕијас: ЕУ да го исполни ветувањето кон Македонија и Албанија, за Чамарија не се разговара

Во интервју за Еуроактив шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека на разговорите за надминување на одредени прашања со албанската страна никогаш не станало збор за прашањето за Чамите (протерани Албанци од грчката област Чамарија).

Коѕијас вели дека албанските претставници никогаш не го спомнале прашањето за Чамарија.

„Мислам дека ќе ги решиме прашањата што нѐ чекаат под услов опозициските партии во двете држави да не почнуваат да реагираат хистерично. Многу сум тажен поради тоа што го тврди грчката опозиција. Тие велат дека зборуваме за Чамарија, а ние воопшто не дискутираме за тоа“, вели Коѕијас.

Тој додаде дека првпат „една друга грчка влада“ во почетокот на 1990 година дебатирала околу ова прашање, нагласувајќи дека бил очевидец, бидејќи присуствувал на таа дебата.

Коѕијас очекува да биде финализиран и договорот околу определувањето на морската граница меѓу двете држави, со која, според обвинувањата на опозицијата, Албанија ѝ отстапува на Грција 12 милји од Јонско Море.

Грчките медиуми пренесуваат дека договорот за морската граница ќе биде потпишан во првите десет дена од јули од шефовите на дипломатиите Коѕијас и Бушати во присуство на премиерите Ципрас и Рама.

Коѕијас изјави дека Европа треба да го исполни ветувањето кон Македонија и Албанија за почетокот на преговорите. „Доколку некои земји имаат проблем со „Северна Македонија и Албанија, требало порано да споменат“.

Шефот на грчката дипломатија вели дека Франција треба да се согласи за почеток на преговорите за да се избегне дестабилизација на Балканот.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе