Атина

Коѕијас е уверен дека Договорот од Преспа ќе биде изгласан во грчкиот Парламент со апсолутно мнозинство

Договорот од Преспа ќе го донесе нашата влада во Парламентот и ќе биде изгласан со апсолутно мнозинство, од над 150 пратеници, изјавил шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за радиото „Реал фм“.

Коѕијас вели дека е свесен за ставот на коалицискиот партнер во владата, Панос Каменос, но тоа нема да биде пречка за ратификација на договорот со Македонија.

„Имам предвид што вели коалицискиот партнер во владата, но одлуките во владата се носат од мнозинство и многу е јасно кој го изразува апсолутното мнозинство. Коалицискиот партнер е секогаш многу продуктивен и корисен, за ова прашање има свои  позиции, сака да ги искажува, тоа е негово демократско право. Но, повторувам уште еднаш, грчката Влада ќе го донесе договорот во Парламентот, во Парламентот има мнозинство и ова го кажав уште лани, дека нема да се изгласа од мнозинство партии, туку од мнозинство пратеници“, рече Коѕијас.

Тој ја повика опозициската Неа демократиа, кога ќе дојде договорот во Парламентот, да не ја напуштат седницата, туку да останат и да им дадат можност на нивните пратеници секој да гласа онака како што сака.

Во врска со најавениот протест во Солун против Договорот од Преспа, Коѕијас, како што пренесува МИА, вели дека демонстрациите се демократско право на граѓаните, но доколку се во уставни и законски рамки.

Во однос на реакциите во северниот дел на Грција, шефот на грчката дипломатија рече дека од грчката Влада и силите што ја поддржуваат „потребна е поинтензивна кампања што ќе ги објаснува придобивката и високиот квалитет на договорот“.

Коѕијас во интервјуто ја критикува и ја обвинува опозициската Неа демократиа за позицијата во однос на Договорот од Преспа, а говореше и за позитивните аспекти и она што Грција го добила од компромисот за името.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе