Коциќ од СДСМ: Сите партии и пратеници да покажат државност во носењето одлука за францускиот предлог

СДСМ денеска во Собранието повика сите политички партии, сите пратеници да покажат одговорност, државност, да придонесат со дијалог, конструктивност во носењето на конечната одлука за францускиот предлог за преговарачката рамка. 

заклучоци, согласно собраниските процедури за овој европски предлог”, изјави Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ 

Како што кажа на прес-конференција во Собранието, СДСМ како државотворна партија има заклучоци кои гарантираат доследно придржување кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара во кое било време и околности, односно не се дел од преговарачкиот процес.

Тој побара пратениците да постапуваат целосно во согласност со стратешките определби на земјата за интеграција и полноправно членство во Европската Унија со исклучување на билатерални историски и образовни елементи во рамката.

„Секако сѐ што ќе се усвои да биде во рамки на црвените линии дефинирани во Резолуцијата што пратениците со консензус ја усвоија”, додаде Коциќ.

Пратениците од сите политички партии, според него, имаат одговорност да работат за граѓаните, а не за нечии туѓи интереси, и имаат обврска да обезбедат европска иднина на државата.

Коциќ обвини дека протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, не биле поврзани со европскиот предлог за почеток на преговорите туку единствено за рушење на владата, но тоа, според него, не успеало.

„Во овие неколку денови целата јавност од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците виде борба за гола власт, обид за поигрување со чувствата на граѓаните, намерно создавање тензии, поделби, конфликти и загрозување на стабилноста преку крвави сценарија. Токму неуспехот на овие мрачни сценарија доведе до растурање на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците”, изјави Коциќ.

 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе