„Со одбивањето на предлогот за посебна собраниска комисија раководена од опозицијата, стана јасно дека едноствената стратегија е блокади и неконструктивност која трае предолго и е на штета на граѓаните и државата", рече Коциќ.
Тој нагласи дека со овој проект, по цели 80 години, државата треба да изгради за добие нов, модерен Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.
„Да се биде против овој проект е да се биде против македонското јавно здравство, против јавното здравје и против интересите на граѓаните и државата. Токму тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ со блокадата со 2.000 амандмани на предлог законот. Уште еднаш апелираме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја научат лекцијата од серијата порази и дебакли и еднаш да застанат на страната на граѓаните, наместо на страната на блокадите и деструкциите", рече Коциќ.
Тој додаде дека „после сите порази на Христијан Мицкоски, време е искрените, чесни, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и наместо за фотелјата во белата палата да работат за граѓаните".