Истекува мандатот на Народниот правобранител

Коалиција „Маргини“: Да се избере стручен и независен омбудсман

Мрежата за заштита од дискриминација потсетува дека истекува мандатот на Народниот правобранител Иџет Мемети и бара од Собранието на Македонија на оваа значајна функција да избере стручно и независно лице, со цел да се овозможат реформи во работењето на оваа институција, која со години наназад не успева да обезбеди ефикасна и ефективна заштита на правата на граѓаните.

Коалицијата „Маргини" забележува дека во изминатиот период на темата избор на нов Народен правобранител политичките партии се осмелуваат јавно да најават дека планираат да назначат свој партиски кандидати и затоа Коалицијата ги предупредува партиите и пратениците да се воздржат од преговори од таков тип и да овозможат транспарентен, инклузивен и фер процес за избор на следниот Народен правобранител.

„Иако Народниот правобранител како институција постои повеќе од 20 години, сè уште не успева да ги исполни меѓународно пропишаните критериуми за национални институциии за човекови права, како што се Париските принципи за статусот на националните институции за човекови права на ООН и Принципите за заштита и промоција на Омбудсманот на Венецијанската комисија. Да се има силна, независна и непристрасна институција Народен правобранител е важно и заради непречено спроведување на принципот на владеење на правото и за почитувањето на човековите права како основен предуслов за напредок во евроинтеграциските процеси. Агенцијата за темелни права на Европската Унија препорачува обезбедување на поголема транспарентност при процесите на избор и нивна отвореност за најголем број на кандидатки и кандидати, како и вклученост на Собранието, но и на независни актери во процесот. Дополнително, Европската комисија повторно нѐ потсети дека е потребно именување на членови на независните тела засновано врз заслуги со што ќе се осигура нивната компетентност и интегритет. Ова несомнено важи и за идниот Народен правобранител", се вели во соопштението на Коалицијата.

Како здруженија на граѓани кои работат на унапредување на човековите права во земјата и на нивна заштита, низ годините утврдивме недостатоци во раководењето со оваа институција од страна на Народниот правобранител и недоследност во реализирањето на неговиот уставен мандат, што како последица имаше: „недоволна транспарентност во работењето; случаи на донесување на несоодветни препораки и мислења во предметите со кои не се препорачува отстранување на повредите на правата; нецелосно следење на почитувањето на препораките кои ги има донесено и непреземање на последователни дејства во случаите кога институциите не ги почитуваат препораките; ниско ниво на сензибилност и знаења за човековите права на маргинализираните групи; недоволна соработка и дури одбивање на соработка со здруженијата на граѓани; ретко преземање на мерки по сопствена иницијатива; недостаток на активности за промоција на човековите права; несоодветно прибирање на податоци и ретко спроведување на истражувања за дискриминација.

Коалицијата потсетува дека и во Извештајот на Прибе беше наведено дека Народниот правобранител „се пројавува како неволен да го користи својот мандат во целост веројатно затоа што балансира помеѓу тоа да не ја вознемири премногу владејачката гарнитура во врска со определени случаи и неговата способност да спроведува истраги во помалку политизирани случаи... Народниот правобранител не пристапува систематски кон разоткриените потенцијални прекршувања на човековите права, иако, настрана од очигледниот политички притисок (директен или индиректен), ништо, теоретски, не го спречува него да делува силно на откритијата како вистински надзорен чувар на поредокот".

Со сите овие недостатоци можеме да заклучиме дека Народниот правобранител недоволно и недоследно го реализира својот уставен мандат и не успева да ги заштити човековите права на граѓаните, наведува Коалицијата Маргини и додава дека поради самоволноста и некооперативноста на Народниот правобранител, никогаш не заживеа ниту институтот „Омбудсман плус" кој треба да гарантира поефикасна заштита на човековите права.

Сите овие проблеми од неговото работење, во најголема мера се должат на слабите капацитети на институцијата, кои произлегуваат од проблемите со независноста, но и од недостатокот на знаења и вештини на Народниот правобранител и на замениците, се вели во ова соопштение.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе