Клучен критериум за отворање на границите е епидемиолошката слика, а не политика, вели Димитров

Прашањето за отворање или затворање на границите нема политика, клучен критериум е епидемиолошката слика. Клучен критериум за ЕУ е блиску до или под 20 нови ковид-19 случаи регистрирани во последните 14 дена на 100 илјади жители, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Клучното во ова сѐ, според Димитров, е дека колку повеќе се придржуваме до мерките – носење маска и држење дистанца, толку ќе биде подобра епидемиолошката слика и толку побрзо ќе ни бидат отворени сите граници.

На прашањето дали ќе преземеме реципроцитетни мерки со отворање или затворање на границите, Димитров рече дека министерот за здравство Венко Филипче и кризниот штаб на Владата дневно ја следат состојбата во сите земји и врз основа на препораките од епидемиолозите ќе ги носат и одлуките.

„Пред мене е препораката на ЕУ за граници и слобода на патување на државјани на земји што не се членки. Клучен критериум за ЕУ е блиску до или под 20 нови ковид-19 случаи регистрирани во последните 14 дена на 100 илјади жители. Тоа е клучниот критериум во однос на препораките на ЕУ. Некои земји-членки овие препораки целосно ги применуваат, некои имаат и свои дополнителни услови“, изјави Димитров.

Тој додаде дека за ова прашање ќе бидат во блиски консултации со сите земји од интерес.

 

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе