Клубот „Ванчо Михајлов“ е навреда и искривување на историјата, порачаa Еврејската заедница и Фондот на холокаустот

Официјалното отворањето на бугарски културен центар „Ванчо Михајлов", докажан фашист, соработник на Павелиќ, Мусолини и на Хитлер од страна на највисоките бугарски претставници на власта предводени од премиерот Кирил Петков, претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа. соопштија Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и потсетија дека бугарскиот фашистички окупатор во смрт однесе 7.144 македонски Евреи.

„Овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа. Чин со кој се загрозува мултикултурализмот и класичен пример за непочитување и искривување на историјата“, се оценува во реакцијата и се додава дека клубот „Ванчо Михајлов“ е отворен во саботата – Шабат и прв ден Песах, кога Евреите од целиот свет го слават празникот за ослободување од египетско ропство.

Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија истакнаа дека се „згрозени и навредени од името на новиот културен дом во Битола, кој носи име на потврден фашист и близок соработник со нацистите".

„Еклатантен обид во таканаречената 'заедничка историја' на која инсистира Бугарија, таа да се претстави како ослободител, а не како фашистички окупатор кој во центарот за убивање Треблинка депортира 7.144 македонски Евреи или 98 проценти од еврејската популација во тоа време. Обид да се минимизира улогата на Бугарија во холокаустот и окупацијата на Македонија. Искривување на фактите од европската и светска историја за Втората светска војна. Чин којшто не е во духот на добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, пишува во реакцијата на Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Во неа тие наведуваат дека како наследници на преживеаните од холокаустот нема да ги премолчуваат ваквите појави и бараат итно и неодложно во Собранието да се донесат измените на Кривичниот закон, иницирани од Еврејската заедница во 2017 година, со кои ширењето на антисемитизмот, негирањето и искривувањето на холокаустот, глорификација на фашизмот и нацизмот, како и употреба на нивните симболи и поздрави да бидат казниви со закон.

Еврејската заедница бара и да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија итн. да носат имиња по потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите, Владата на Р. Бугарија да се извини за злосторствата и холокаустот направени од нивните претходници за време на Втората светска војна и Европската Унија и Европскиот парламент да го осудат ваквото поведение на Република Бугарија.

„Ние, Евреите од Република Северна Македонија, како и бројни македонски граѓани, имаме многу пријатели од Р. Бугарија, со којашто сакаме како соседи да живееме во мир и благосостојба. Фашистичкото минато на Бугарија под водство на цар Борис Трети и останатите докажани нацисти од врвот на власта на Царска Бугарија во Втората светска војна не смеат да претставуваат пречка во градењето добрососедски односи втемелени на заемна почит, пријателство и доверба. Денешницата не смее да биде жртва на историјата, како што и иднината не смее да биде жртва на вистината“, пишува во реакцијата на Еврејска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе