Германскиот амбасадор во ЕУ порачува

Клаус: Изборите во Северна Македонија ќе имаат влијание врз ставот на некои членки на ЕУ

Германскиот амбасадор при ЕУ утрово повтори дека почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија се меѓу главните приоритети на претстојното германско претседателство, но посочи и дека „некои земји членки“ најавиле дека изборите ќе влијаат врз нивниот став, јавува МИА од Брисел.

Амбасадорот Микаел Клаус утрово ја презентираше програмата на германското претседателство кое започнува на први јули и кое веќе неофицијално се нарекува „Претседателство Корона“, што е јасна најава дека и во следните шест месеци во ЕУ ќе доминира кризата од ковид-19 и нејзините последици.

Германија ќе продолжи да инсистира на важноста на проширувањето за Европската Унија, а во овој контекст отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија се клучен фактор за политиката на проширување, повтори Клаус. Но, тој предупреди дека не треба да се очекува одлука на политичко ниво овој месец. Изборите во Македонија, исто така ќе имаат своја улога.

„Треба да ги видиме ставовите на земјите членки, не можам да кажувам имиња, но кога прашувате за изборите во Северна Македонија, дали ќе влијаат или не, слушаме од некои земји членки дека тие ќе влијаат врз нивната одлука, кога потоа ќе биде предмет на преговори во Советот“, изјавил Клаус за МИА.

Во однос на роковите, Европската комисија треба идната недела да ги објави преговарачките рамки за Скопје и Тирана, овој документ потоа ќе биде разгледан на ниво на работната група во Советот (позната како КОВЕБ), потоа ќе премине на масата на амбасадорите на земјите членки, каде се очекуваат најсуштински преговори. Ова не остава време за министрите на јунскиот Совет за општи работи да донесат одлука. Притоа, на јунскиот министерски состанок се очекува да доминира коронавирусот и преговорите за седумгодишниот буџет на ЕУ. Тема која е исто така важна за земјите од Западниот Балкан, бидејќи од неа ќе зависи и обемот на економската поддршка што ја планира Европската комисија.

Доколку се постигне консензус на амбасадорско ниво, можно е одлука за датум за почеток на преговорите и отворањето на првите поглавја да се донесе ова лето, велат дипломатски извори во Брисел за МИА. Германското претседателство, според амбасадорот Клаус, не се откажува од формален старт на преговорите до крајот на оваа година, најверојатно наесен.

„Имаме договор за преговорите со Северна Македонија и Албанија, ова ќе биде една од важните теми на германското претседателство и очекувам тоа да се случи наесен“, рече Клаус.

МИА

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе