По средбата со Османи

Кјучук: За историјата треба да разговараат професионалци, а политичарите да не креваат ѕидови

Историските прашања треба да се решаваат од компетентни историчари, а политичарите се одговорни да носат политички одлуки, не да ги скријат под килим и да речат виновни се историчарите, порача денеска известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Кјучук.

На прес-конференцијата по средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, Кјучук рече дека билатералните прашања треба да се решаваат во билатерален формат, а важен дел од секоја рамка се добрососедските односи, додавајќи дека треба да се врати меѓусебната доверба, за да се изградат здрави односи за идните генерации.

„Историските прашања треба да се решаваат од компетентни историчари. Разговорите за историјата треба да бидат оставени на професионалци. Политичарите се одговорни да носат политички одлуки, не да ги сокријат под килим, и да речат виновни се историчарите. Заедничката комисија треба да ја продолжи работата и мора да се врати меѓусебната доверба, бидејќи без тоа не можат да се постигнат добри резултати“, изјави Кјучук.

Тој додаде дека нивната улога како политичари е да не прават ѕидови, туку да ги уриваат, а граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија да живеат во попросперитетен свет.

„Стратешки интерес на Северна Македонија е да биде во ЕУ, а исто така и стратешки интерес на Бугарија е Северна Македонија да биде дел од ЕУ, и поради тоа има потреба од разговор, чесност во односите, враќање кон Договорот од 2017, бидејќи без доверба не можат да бидат постигнати добри резултати“, рече тој.

Во однос на нацрт-резолуцијата за земјава, што треба да се усвои од Европскиот парламент, својата улога на известувач ја оцени како објективна и ја отсликува реалната слика за земјава, додавајќи дека Северна Македонија има силен ангажман во реформите.

„Достигнувањата како што се членството во НАТО и во ЕУ бараат наднационален консензус и во тоа сите треба да имаат улога – граѓаните повеќе да бараат од политичарите, но и конструктивност од опозицијата. Реформите, што се важен дел од програмата на Владата, треба да продолжат многу интензивно, бидејќи Европската Унија бара длабоки реформи“, рече Кјучук.

Османи повтори дека Македонија испорача на сите полиња и заслужува вреднување, а ЕУ треба да ја операционализира одлуката од март минатата година и да ја одржи првата меѓувладина конференција.

„Европскиот парламент да го вреднува нашиот напредок. Сведоци сме на гласната поддршка на Европскиот парламент во сите фази на нашето пристапување во ЕУ и ја цениме вашата лична заложба што овој важен документ што го изготвувате, ќе ја отсликува реалната слика и ќе претставува важен импулс не само за земјава, туку и за регионот“, изјави Османи.

Во контекст на дијалогот со Бугарија, тој додаде дека земјава е подготвена да работиме за да ги отстрани сите пречки кон полноправното членство во ЕУ.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе