Во изјава за бугарска телевизија

Ќучук: Владите во Софија и Скопје подготвуваат планови за решение на спорот

Бугарската и македонската влада работат на планови за надминување на бариерите меѓу двете држави, смета бугарскиот европратеник Илхан Ќучук и вели дека се надева на брзо решение на спорот. Според него, Софија прави голема грешка што Договорот за пријателство го поистоветува со Преспанскиот договор. Според него, сепак политичарите не треба да ја остават историјата само на историчарите.

Ѕидовите немаат место меѓу земји – соседи. Ѕидовите постојат но не во буквална смисла, туку од идеолошки, историски и политички аспект. Можат да се направат пробиви во ѕидовите и да се надминат бариерите, и на тоа треба да работат двете страни, смета бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук.

„Од една страна, таков план подготвува бугарската Влада, а од друга – Владата на Република Северна Македонија“, вели европратеникот за ТВ „Bulgaria ON AIR".

Тој се надева дека тоа ќе се случи наскоро.

„Разговор без историја не е можен. Во исто време, патот на реформите во Северна Македонија мора да продолжи, но не смее да го попречуваат тешки историски спорови. Заедничката историска комисија, чија цел е да реши многу прашања што се релевантни, мора да ја продолжи својата работа. Но, политичарите не смеат да го избегнуваат ова прашање, оставајќи го во рацете на историчарите, без оглед колку се компетентни“, изјави Ќучук.

Според него, бугарската страна прави фундаментална грешка мешајќи ги двата договора – оној со Грција, т.н. Договорот од Преспа, и Договорот за добрососедство со Северна Македонија.

„Додека Преспанскиот договор става крај на спорот со поделба на историски факти и личности, буквално велејќи дека Република Северна Македонија нема никаква врска со античка Македонија, нашето прашање е многу покомплицирано. Тој го воведува терминот 'заедничка', кој поставува други важни прашања за нашата заедничка иднина, кои неизбежно мора да бидат поврзани со ЕУ. Две толку блиски земји – Бугарија и Северна Македонија – можат да ги решат сите покренати прашања. Но, излегува дека колку сме поблиску, толку сме подалечни“, објаснува европратеникот Илхан Ќучук.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе