Кјучук: Владеењето на правото е приоритет во преговарачкиот процес на ЕУ со Северна Македонија

Договорите за добрососедство со Бугарија и со Грција се составен дел на преговарачката рамка на ЕК за Северна Македонија и Албанија, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Кјучук.

Тој за Бугарската национална телевизија појаснува дека во рамката на ЕУ за Македонија не постои експлицитен текст во кој се инсистира на продолжување на работата на Заедничката бугарско-македонска комисија за историски прашања.

„Во текстот не се оди многу во детали. Не е обврска на Европската комисија детално да пишува, особено во таков рамковен документ, како ќе бидат решени билатералните спорови меѓу двете страни. Принципиелна позиција е да се почитуваат добрососедските односи и во тој контекст да продолжат започнатите разговори“, вели Кјучук.

Според него, владеењето на правото ќе биде приоритет во текот на преговарачкиот процес.

„Сите преговарачки поглавја ќе бидат затворени кога ќе се исполни основниот критериум, владеење на правото. Државите членки на ЕУ сакаат гаранции од земјите со кои се водат преговори“, вели Кјучук.

Во контекст на изборите во Македонија, тој забележува дека за разлика од претходните изборни процеси, овојпат темата Бугарија не е најважното прашање во домашниот политички дискурс.

„Основно прашање меѓу политичките сили во оваа кампања е дали земјата треба да се врати назад три години. Еден дел од политичката елита во Република Северна Македонија ја поддржува оваа теза. Друг дел вели дека иднината на земјата е во ЕУ и работи на спроведување на реформите преку активна политика во соработка со партнерите и почитување на добрососедските односи. Во името на европската иднина на земјата и во името на идните генерации, прават политички жртви“, изјави Кјучук.

Тој ги повика политичарите во Северна Македонија да направат сѐ што е можно за да привлечат што повеќе граѓани да гласаат за нивните политички платформи и кандидати, со цел да се создаде владејачко мнозинство кое ќе биде политички одговорно и ќе има јасен приоритет поврзан со европската иднина на земјата.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе