Ќучук: Сите политичари треба да работат целиот регион да биде во НАТО и ЕУ

Сите политичари кои сакаат Република Северна Македонија и целиот регион да биде во НАТО и Европската Унија работат за позитивен развој. Верувам дека добрососедските односи немаат алтернатива. Успехот на Северна Македонија е успех за целиот регион и успех за ЕУ, изјави денеска во Скопје европратеникот Илхан Ќучук.

Во придружба на првиот вицепремиер Артан Груби, денеска европратеникот Илхан Ќучук, го посети ОУ „Исмаил Ќемали”, во Чаир, чии пет ученици загинаа во големата собраќајна трагедија во Бугарија. Посетата на Ќучук, на ова основно општинско училиште, како што изјави Груби, е реализирано по желба на самиот европратеник, со единствена цел да искаже почит кон жртвите од трагичниот настан во Бугарија каде што загинаа 45 наши сограѓани.

„Заедно одлучивме да го посетиме Основното училиште „Исмаил Ќемали“, заедно со градоначалникот на Општина Чаир и министерот за економија Крешник Бектеши да ја посетиме директорката и наставниот кадар тука, да искажеме почит за петте загинати ученици од ова училиште и на тој начин да искажеме исто така и почит кон сите жртви. Истовремено би сакал да искажам огромна благодарност од сите нас, не само во името на сите тука што се позади нас, туку и на целата наша држава, на сите наши граѓани кон соседна, пријателска, братска Бугарија за професионалноста, за ангажираноста во расветлувањето на овој трагичен начин за нас, и на медицинските лица и на службените полициски лица и на обвинителството, и на институциите на Бугарија за огромна професионалност што ја искажаа во менаџирање на оваа состојба“, изјави Груби.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе